Падма Лакшми ги знае подемите и падовите на родителството. Водителката на шоуто „Топ шеф“ ја има ќерката Кришна. Откако стана мајка, таа отворено зборува за нејзиното родителско искуство во интервјуа и на социјалните медиуми. Ова се нејзини 15 цитати за мајчинството.

За бременоста

„Се сеќавам колку невина и беспомошна бев за сите подеми и падови во родителството што следуваат. Периодот на бременоста беше понежно време кога само чекав бебето да излезе. Не знам дали ќе бидам повторно толку спокојна некогаш“.

За станувањето мајка

„Поголемо задоволство е да се биде со неа отколку да се прават работите што порано ги правев, не само затоа што треба да бидам со неа и зашто тоа ми е должност, туку затоа што Кришна е најзабавната личност“.

За балансот

„Тешко е да се балансира. Но, знаете, вреди. Сѐ е сосема убаво во моментов и јас сум многу среќна, па затоа не можам да се жалам за ништо“.

За радоста на мајчинството

„Она што го сакам кај мајчинството е тоа што е многу забавно и никогаш не мислев дека ќе бидам толку сакана и дека ќе сакам некого толку многу. И врската што ја градиш и гледаш како се развива е навистина прекрасна“.

За одгледувањето добар „јадач“

„Мојата ќерка е веројатно редок случај затоа што израсна со шоуто Топ шеф. Па дури и кога ја доев, сигурно почувствувала многу чудни вкусови преку мене, во мајчиното млеко. Но, навистина има добар апетит. Кај нас дома правиме по еден оброк за секого. Тоа е лесен оброк кој не содржи многу чили, кое јас го додавам потоа во мојата храна“.

За готвењето со ќерка си

„Кришна обожава да готви. Всушност, одлична е во подготовката на тестото за пита. Јас го правам, но и дозволувам да го врти бидејќи има мали раце. Исто така, ги крши краевите на грашокот. Имаме столче кое го чуваме во кујната и таа секогаш го носи со себе, бидејќи сака да биде доволно висока за да ја достигне масата за готвење“.

За разговорите за надворешниот изглед

„Неодамна сфатив дека мојата ќерка, кога имаше седум години, ме слушала како зборувам за својата тежина. Кога имаме тако за вечера, јас јадам тако-салата со неколку парчиња здробен чипс. Без тортиљи, павлака или кашкавал. Кога ќе нарачаме пица, ја земам за неа, но јас јадам остатоци од кафеав ориз и леќа. Кога правиме паста, јас само јадам месо и зелен зеленчук. Додека јас работев на тоа да изгубам килограми, таа растеше. Уште ме моли да ја носам, но сега е повисока и потешка. Па ѝ велам дека е претешка за да ја кренам. Потоа таа им кажуваше на другите во семејството дека не сака да јаде бидејќи внимава на својата фигура или, пак, дека има премногу килограми. Никогаш не сум мислела на такво нешто кога имав седум или 13 години. Нејзините коментари допреа до мене. Нејзините зборови ме исплашија. Комуникацијата е важна. Секојдневно им испраќаме знаци на нашите ќерки . Јас сум нејзината прва основа до женственоста“.

За правењето нова храна забавна за деца

Ако планирате да пробате индиска храна, може да јадете ориз и пилешко. Направете го забавно – кажете дека е портокалово пилешко! Тандури-пилешкото е навистина лесно, а и не мора да ја задржите пилешката кожа. Ако сакате, пак, таи храна, јадете ориз и пилешко сатај. Кришна го сака ова јадење бидејќи е пилешко на стапче. Мора да ги барате рецептите што се најдобри за децата.

За нејзиното семејство

„Всушност, јас сум самохрана мајка. Но, не сум сама во воспитувањето на ќерка ми. Кришна има цело семејство кое ја сака. Така, на Кришна сум ѝ родител јас, но исто така и баба ѝ и тетките и роднините и вујковците и пријателите… Колку повеќе луѓе ја насочуваат и поддржуваат, толку повеќе различни луѓе се во нејзиниот живот, а таа е подобра и понезависна“.

фото извор: closerweekly.com

За сликата за своето тело

„Не ги добива овие пораки само од мене, туку од секој билборд, секое списание оставено на масичка. Не можам да го сокријам моето дете од реалноста и културата во која живееме. Но, ја имам одговорноста да се осигурам дека таа ќе има здрав став за себе и нормално детство. Не сакам никогаш да се срами од сопственото тело. Сакам да го култивизира својот ум. Секоја порака што ја кажувам за храната и нашите тела е важна. Затоа, оваа година одлучив мојата тежина да не биде во мојот фокус. Ако ми треба поголем фустан, така нека биде. Еден ден или кој било ден на црвениот тепих не е ниту приближно еднаков како сигурноста дека мојата ќерка не ја мери својата вредност според големината на нејзиниот фустан“.

За генетиката

„Толку ми е смешно кога ја гледам Кришна бидејќи секогаш сакав да имам зелени очи и бела кожа кога бев малечка, а сега моето дете е такво, но ја има мојата структура на коските. Едноставно очекував дека ќе биде потемна. Моето семејство се шегува – Можеби ќе се зарумени како што ќе расте!“

За влијанието на родителството врз готвењето

„Се промени драматично. Сега сум кралица на оброците во еден сад. Мојата ќерка го јаде речиси сето она што го јадам и јас, освен чили и зачините. Јаде и многу грашок и ориз, леќа, кафеав ориз и многу зеленчук. Сега често јадеме кељ од Тоскана. Исто така, јаде и тиква. Јас, пак, ја земам нејзината порција и си додавам чили“.

За најдобриот лек

„Се обидувам да ја прегрнувам мојата ќерка колку што можам почесто. Бидејќи ништо не ми дава толку чиста радост на неверојатно ниво“.

За ќерка си како приоритет

„За 10 години нема да се завртам назад и да речам – Погледни ги сите оние убави проекти што ги заврши. Ќе речам – бев ли тука за Кришна?

Автор: Каролин Болоња



912

X