Детството со баба и дедо е волшебно. Тие даваат слатки работи додека родителите не гледаат, ги учат децата на неверојатни работи и им раскажуваат интересни приказни.

– Секојпат кога треба да издвојам некој што најмногу ме инспирирал, првиот човек на кој ќе се сетам е дедо ми – Џејмс Ерл Џонс, американски автор.

– Дедото има уши кои вистински слушаат, раце што секогаш се пружени, љубов што никогаш не престанува и срце од злато – непознат автор.

– Можноста да се гледаат внуците како растат е еден од најголемите дарови – непознат автор.

– Дедото секогаш носи мудрост, среќа, топлина и љубов во сечиј живот – непознат автор.

– Дедото и бабата постојат за да ни дадат љубов и да ги поправат работите – непознат автор.

– Дедото е некој со сребро во косата и злато во срцето – непознат автор.

– Не постои дедо кој не си ги сака внучињата – Виктор Иго, автор.

– Секоја генерација се буни против родителите, а истовремено е пријател со бабите и дедовците – Луис Мамфорд, американски историчар.

– Мојот дедо направи многу работи во текот на животот, но најгорд беше на тоа што создаде семејство – Таг Ромни, американски бизнисмен.

Извор



912

X