Животот на една мајка е најнаградувачки момент, постојано исполнет со вина. Постојано се соочувате со измешани емоции. Утрата обично се: – Нахрани ме, гали ме, не миј ја косата, ми требаш, не можам да си го најдам чевелот, не треба да јадеш затоа што јас треба да јадам, но не сакам да го јадам тоа, ми треба повеќе внимание, зошто ти треба кафе. Те сакам. Истото се случува и навечер. Иако станува збор за луди моменти, ниту една мајка не би ги заменила за ништо на светот.

Она што го сфатив е дека и покрај тешките мигови, кога се прашуваме како ќе го пребродиме наредниот час и наредните неколку години, малку охрабрување ни е потребно на сите. Фактот дека не сме сами во ова е олеснување. Затоа, денес, мајки, сакам да ви кажам дека ќе успеете. Не сте сами.

Цитатите во продолжение се совршени потсетници дека она што го правиме има огромна вредност и е од огромна важност. Ние даваме живот! И потоа, ден по ден, продолжуваме да вдишуваме живот кај тие малечки.

– Најважната работа што некогаш ќе ја работиш ќе биде во ѕидовите на твојот сопствен дом – Харолд Б. Ли.

– Ако сакаш да го промениш светот, оди дома и сакај си го семејството – Мајка Тереза.

– Тамам си помислила дека знаеш што е љубов, нешто толку мало доаѓа и те потсетува колку всушност е голема.

– Мајчинството се милион мали момент што Бог ги ткае заедно со смеата, искупувањето, солзите и најмногу од сè – љубовта – Лиса Теркеурст.

– Да се биде мајка значи да се научат твоите силни страни за кои не си знаела дека ги имаш, како и справувањето со стравови за кои никогаш не си знаела дека постојат – Линда Воин.

Автор: Табита Блу



912

X