„Малиот принц“ е една од најубавите книги што ги содржи најубавите мисли во светот. Затоа, добро би било да им ги повторувате на вашите деца, бидејќи ја доловуваат смислата на постоењето.

„Еве ја мојата тајна. Многу е едноставна: вистински се гледа само со срцето. Суштината е невидлива за очите“.

„Никогаш не ни се допаѓа таму каде што сме… Само децата знаат што бараат“.

„Сите возрасни прво биле деца, но малку од нив се сеќаваат на тоа“.

„Во една од ѕвездите ќе живеам, во една од нив ќе се смеам и сите ѕвезди ќе се смеат кога ти ќе погледнеш на небото навечер“.

„Ништо не си оди сѐ додека не нѐ научи она што треба да го знаеме“.

„Најубавите нешта во светот не може да ги видиме и допреме, туку само да ги почувствуваме со срцето“.

„Човекот е осамен и меѓу луѓето“.

„Децата мора да им простуваат многу на возрасните“.

„Времето што сте го потрошиле на една роза е она што ја прави таа роза важна“.



912

X