Доктор Бенџамин Спок бил американски педијатар. Извонредно познат автор на книги за тоа како правилно да воспитате дете. Ова се неговите најпознати цитати:

„Ако родителите се зафатени само со своето дете, постојано се загрижени за него, тие стануваат неинтересни за другите, па дури и еден за друг. Се жалат дека заради детето се осудени животот да го поминат во четири ѕида, иако самите се виновни за тоа. До одредена мера, првата бременост означува крај на безгрижноста за жената. Жената разбира дека по раѓањето на детето нејзината забава ќе биде многу ограничена“.

„Не е изненадувачки што таткото има измешани чувства кон сопругата во текот на нејзината бременост, или дури додека е во родилиштето или кога ќе си дојде со новороденчето дома. Но, сопругот мора да се потсети дека неговата сопруга е многу потврда од него“.

„Ако во детството младата мајка и татко премногу ги казнувале, сигурно пораснале во несигурни луѓе што изразуваат нетолеранција на критика и постојана желба да ја потврдуваат својата независност“.

„Секој родител мора да го сака своето дете такво какво што е и мора да заборави на сите оние квалитети што детето ги нема. Овој совет го давам од најпрактични причини. Факт е дека детето кое е сакано и почитувано такво какво што е расте во личност која е сигурна во своите способности и го сака животот“.

„Резултатот од образованието не зависи од сериозност или нежност, туку од вашето чувство кон детето и од оние животни принципи што ќе му ги всадите“.

„На детето што се плаши да се раздели од мајката, ќе му биде уште потешко да го направи тоа ако мајката одолжува во текот на разделбата. Ако мајката е анксиозна и тешко се раздвојува од детето, тоа навистина ќе помисли дека раздвојувањето е опасна работа!“

„Понекогаш му е од помош на детето ако му признаете дека сте лути на него. Ако ова го направите мудро, тоа признание нема да го поткопа вашиот авторитет“.

„Детето не се раѓа како лажго и измамник. Ако често лаже, тогаш некои или нешто му врши голем притисок. Лагата значи дека некој проблем многу го мачи“.

„Она што добрите мајки и татковци инстинктивно чувствуваат дека треба да го направат за своето дете обично е и најдоброто што може да се направи“.

„Цело време додека личноста е дете тоа учи и да биде родител. Кога ќе стане родител, главно е родител кој одново го проживува детството“.

„Среќата е главно нуспојава која настанува кога го правиме она што нè исполнува“.

„Постојат само две работи што детето со задоволство би ги споделило со другите: заразна болест и годините на мајка му“.

„Би рекол дека најсигурен показател на зрелост кај еден маж или жена се хармонијата, стилот, среќата и достоинството што тој/таа го создава во својот брак и задоволството и инспирацијата што му ја дава на својот брачен другар“.

Извор



912

X