Билјана Манасова-Јовановиќ, дефектолог, психотерапевт

Билјана Манасова-Јовановиќ, дефектолог, психотерапевт

е-пошта: sovetuvanje@gmail.com
Психотерапија и Советување

Повеќе од авторот

За нашето дете да има храброст да ги бара своите страсти, тоа треба, освен нашето внимание и љубов, да има одредена доза на слобода – игра без наш надзор

За да може детето да ги бара своите страсти, прво треба да чувствува дека е важно за родителите, да се чувствува безбедно и сакано. Само во такви услови детето ќе има шанса да најде мотивација за пребарување и развој на своите интереси. Страстите честопати совршено се „откриваат“ кога доживуваме нови, необични и авантуристички ситуации. Затоа, кога одиме со детето на годишен одмор или кога, на пример, поминуваме викенд во шума, во природа, може да се случи нашето дете само да открива нови таленти и интереси.

Игра без надзор

Да им дозволиме на децата да го истражуваат светот, да не се плашиме од нови ситуации во кои може да се случи нешто необично. Ние како родители можеме заеднички да доживуваме големи авантури со нашите деца. Понекогаш ќе има активности кое детето ќе ги прави само со еден родител. Така може да се забавува, на пример, само со мајката (печење торта заедно или пак правење други работи во кои ужива мајката), или само со таткото (одење на риболов, патување на планините…).

Не вршете притисок врз децата. Кога создаваме очекувања дека мора да го најдат својот вистински интерес толку рано во животот, ние им го ускратуваме процесот на откривање и запознавање со нови активности и страсти

За нашето дете да има храброст да ги бара своите страсти, тоа треба, освен нашето внимание и љубов, да има одредена доза на слобода – игра без наш надзор. Забавно истражување без постојана родителска контрола, во безбедни услови, тоа сигурно ќе му помогне на детето да ги пребарува своите силни страни кои ќе му дадат неограничена радост. Таквата радост тогаш може да се повтори многу пати кога нашето дете доживува нови работи и ги бара своите страсти.
На детето кое е независно ќе му биде полесно и да ги бара своите интереси, а истовремено тоа ќе има и поголема храброст. Затоа, не треба да им помагаме на децата во активностите што им се можни, за она што можат, да им дадеме можност да чувствуваат задоволство, како и чувство за успех.

Нека го прават она што им се допаѓа – го зајакнуваат чувството на вредност

За сето ова е потребна умереност. Децата не треба да го играат и знаат секој спорт или да ги свират сите музички инструменти или да ги знаат сите борачки вештини. Доволно е да го прават она што им се допаѓа, дури и ако избраната страст нема да биде типична или најмногу очекувана од родителите. Важно е тогаш новооткриената страст на детето, која „не одговара“ на имиџот на родителите, да не биде негативно оценета од нив. Потребно е да се почитуваат сите страсти и интереси на детето. И, пред сè, да ги слушаме децата, затоа што тие – не само директно, туку и постојано ни кажуваат што е важно за нив, што сакаат да прават и што сакаат да доживеат. Не вршете притисок врз нив. А и кога создаваме очекувања, дека децата мора да го најдат својот вистински интерес толку рано во животот, ние им го ускратуваме процесот на откривање и запознавање со нови активности и страсти.

Страста многу влијае врз градење на самодовербата

Детските страсти и интереси им овозможуваат на децата да градат своја автономија, независност и самодоверба. Колку повеќе тие добиваат доверба во она што го прават, толку помалку им е потребно нашето прифаќање на следните нивни чекори. Ова, пак, го зајакнува нивното чувство за вредност и во иднина може да го олесни формирањето на стабилна и висока самодоверба.

Да имаат чувство на успех и да научат да се справат со неуспех

На пример, кога играат натпревар или кога решаваат некој мал проблем, тие сами одлучуваат што треба да направат во даден момент, кој треба да биде нивниот следен чекор. Кога ќе донесат правилна одлука, имаат чувство за успех, но и кога резултатите не се како што очекувале, тие имаат шанса да научат како да се справат со чувство на неуспех. Понекогаш, кога детето ја развива својата страст и бара нови интереси, тоа доживува фрустрација и не го постигнува она што го очекува. Во таква ситуација, улогата на родителот е да го насочи вниманието на напорот што детето го вложува во акцијата, на посветеноста и задоволството што го искусил, а не само на конечниот резултат. На овој начин родителот може да ја зајакне внатрешната мотивација на детето да се труди, да се бори. Ваквата мотивација во иднина ќе му го олесни извршувањето на целта и покрај тешкотиите, бидејќи ќе може да извлече задоволство од напорот, а не само да го чека конечниот резултат.

Да бидеме пример за децата. Колку повеќе детето учи за страстите на своите родители, минатото и сегашноста, толку полесно – со идентификација со него – ќе се обиде и да ги бара своите страсти. Затоа, да не жалиме за времето за заеднички приказни за она што ние, како родители, сакаме да го правиме и за тоа кој беше начинот да ги бараме нашите страсти.

Ценете го напорот на детето дури и ако детето не успее, важно е да го фалиме за неговите напори, не само за крајниот резултат. Со тоа ќе ја зајакнеме вербата на детето во себе да се труди и да се обиде повторно, да не се откажува. Сфатете го сериозно интересот на своето дете, дури и ако тоа не е најпосакуваната страст за нас. Да им дозволиме слобода во забавата и во секојдневниот живот.



912

X