Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува!

ПРАШАЊЕ: Јас сум мајка на четири деца од кои најмалото има неполни 4 години. Има проблем со зборувањето, веќе цела година оди на логопед и дефектолог, но нема некое подобрување. Никако не комуницира со други луѓе. Треба да му се сугерира, па тогаш ќе каже збор како бебе што прозборува. Послушен е кога нешто ќе му наредиш да донесе или да направи. Правевме ЕЕГ и сѐ е во ред. Дали има простор за загриженост или е само мрзлив?

ОДГОВОР: Штом детето посетува часови кај дефектолог и логопед, сигурно досега сте направиле развојна процена со која се укажани совети и насоки за развојната проблематика.

Она што може да го направите во овој момент е да развиете стимулативна јазична средина во неговиот простор за раст и развој. Тоа значи подалеку од каков било вид екран, постојано читање, раскажување приказни и песни, користење аудиосликовници. Слушајте музика и играјте по ритам. Ви го препорачувам и логопедскиот прирачник наменет за деца кои имаат тешкотии во вербалната комуникација од Слаѓана Трајкова, со кој може да работите во домашни услови.

Одговара: Христина Стефановска, психолог за деца и адолесценти, Здружение „Хармоничен свет“, е-пошта: hristina_psihologija@yahoo.com

Психолозите и психотерапевтите ги одговараат прашањата според редоследот на нивното испраќање, а одговорите ќе се објавуваат на Деца.мк. Одговорите имаат психоедукативна функција и ги насочуваат родителите кон посеопфатни насоки на решавање на состојбата што ги мачи. Се разбира, покомплексните прашања подразбираат покомплексен пристап.

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца и е резултат на соработка помеѓу Деца.мк и „Психотерапика“ – здружение за психологија и психотерапија. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти, членови и соработници на здружението, како и самостојни експерти, соработници на Деца.мк.



912

X