Здравје

Трудниците што се изложени на вештачка светлина 3 часа пред спиење се под поголем ризик да развијат гестациски дијабетес

Американските истражувачи откриле дека бремените жени кои се изложени на вештачка светлина три часа пред спиење имаат поголема веројатност да развијат гестациски дијабетес.

Водечкиот автор на студијата, д-р Минџи Ким, невролог од Универзитетот „Нортвестерн“, вели дека изложувањето на светлина пред спиење може да биде недоволно препознатлив, но лесно модифициран ризик-фактор за развој на гестациски дијабетес.

Експертите веруваат дека изложувањето на светлина во текот на ноќта го намалува нивото на хормонот мелатонин, го нарушува внатрешниот часовник на телото и влијае врз регулирањето на нивото на шеќер во крвта. Гестацискиот дијабетес е висок шеќер во крвта кој се развива во текот на бременоста и обично исчезнува по породувањето. Оваа состојба погодува најмалку 4 до 5 од 100 жени во текот на бременоста, а доколку не се лекува, може да предизвика несакани последици за бебето, но и за мајката.

Всушност, ако гестацискиот дијабетес не се контролира доволно добро, може да доведе до сериозни здравствени проблеми за бебето, вклучително и смрт. Авторите на споменатата студија ги следеле податоците на повеќе од 700 трудници за да видат како изложувањето на светлина пред спиење влијае врз нивното здравје. Иако само мал број жени развиле гестациски дијабетес, резултатите откриле дека врската навистина постои.

Како што објаснуваат во објавениот извештај, бремените жени кои биле изложени на силна светлина во нивниот дом, без разлика дали се работи за телевизор, компјутер или паметен телефон, имале петпати поголеми шанси да ја развијат оваа честа компликација.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top