На секоја жена што била бремена ѝ се случило да заборава и да губи предмети, а научниците велат дека тоа е сосема нормална појава во подоцнежните стадиуми од бременоста. Тоа го потврдува и истражување кое открило дека жените во последните 6 месеци од бременоста и во првите 3 месеци по породувањето имаат проблеми со просторното помнење, односно често не може да се сетат каде ги ставиле одредени работи.

Тешкотиите настануваат поради хормоните што влијаат врз мозокот. – Заборавеноста и недостигот на внимание се честа појава кај трудниците. Откривме дека зголемената количина на хормони во текот на бременоста влијае врз мозокот, па се јавува заборавеност и послаба концентрација – појаснила авторката на истражувањето Дајен Фарар од Универзитетот „Бредфорд“ во Велика Британија.

Хормоните најмногу влијаат врз делот од мозокот задолжен за просторно помнење кое им помага на луѓето да се присетат каде ги оставиле работите, но и по кој пат би требало да одат за да дојдат до одредена цел. За среќа, тоа е краткотрајна појава кај трудниците која исчезнува 3 месеци по породувањето.

Автор: Маја Томиќ

Извор



912

X