Користењето телефон стана неопходно, но трудниците треба да размислат какво е влијанието на таа навика и тој уред врз нивното бебе. Постојаното играње игри на телефонот е штетно за здравјето на секој човек, а за трудниците и да не зборуваме. Односно, што поскоро треба да се зборува за тоа.

Како оваа навика на мајките може да влијае врз плодот? Одговорот на здравствените експерти е недвосмислен – лошо.

Побавен раст на плодот

Многу мајки знаат дека играњето на телефонот прераснува во нездрава навика. Ако не знаете како се манифестира тоа, ќе зависите од телефонот каде било, кога било, па дури и на полноќ. Многу трудници спијат во текот на денот, а ноќта ја поминуваат на телефон. Здравствените експерти велат дека тоа е штетна навика за мајките, а особено за нивните деца. И мајката и детето треба да спијат во текот на ноќта. Ако мајката остане будна до доцна бидејќи си игра на телефонот, тоа ќе влијае врз биолошкиот часовник на плодот во матката. Кај бебето тоа предизвикува нервоза и непрестано се мрда.

Ако мајката редовно постапува така, тоа ќе влијае врз растот и развојот на плодот, дури и врз доцнење во развојот. Не дозволувајте вашето бебе да го трпи влијанието на бескорисните работи. Трудниците би требало да ја намалат употребата на телефоните во текот на бременоста за да обезбедат оптимални услови за развој на бебето уште во стомакот.

Необични движења на фетусот

Сите знаеме дека во текот на бременоста мајката и бебето имаат посебна врска. Ако трудницата претерано користи мобилен телефон, тоа несомнено ќе влијае врз бебето и ќе му го наруши биолошкиот часовник. Кога поместувањето е предизвикано и зајакнато, може да дојде до неправилности, како изразено замотување на папочната врвца околу вратот на бебето. Така, заради безбедноста и на мајката и на бебето, трудницата треба да користи мобилен телефон само кога е неопходно, а остатокот од времето да го посвети на нешто друго.

Децата развиваат лоши навики по раѓањето

Ако мајката има навика претерано да го користи телефонот во текот на бременоста, тоа ќе влијае врз активноста на бебето во стомакот. Тоа нема да може да разликува ден и ноќ. Ако мајката користи телефон во ноќта и доцна легнува, и бебето ќе ја стекне оваа навика. Тоа доведува до нарушувања во развојот и по раѓањето. Децата треба многу да спијат и да го приспособат својот часовник (биоритам) бидејќи тоа е особено важно за целосно да се развиваат физички и интелектуално. Мајките не треба да го заборават тоа во текот на бременоста. Покрај тоа, многу е важно сопственото здравје да им е на прво место – така прават најдобро и за своето дете.

Автор: Весна Смилјаниќ Рангелов

Извор



912

X