Воспитување

Трудница сака да им даде исти имиња на своите близнаци – сопругот не се согласува

Кога станува збор за изборот на име за детето, родителите често размислуваат како тоа може да му влијае на детето подоцна во животот. Имајќи го тоа на ум, една мајка решила на своите близнаци да им даде исто име, а како што објаснува таа, тоа сака да го направи за да бидат заедно дури и кога се разделени. Меѓутоа, нејзината идеја воопшто не му се допаднала на нејзиниот сопруг и иден татко на момчињата, кој решил својот проблем да го сподели на социјалната платформа „Редит“.

„Јас и мојата сопруга неодамна разговаравме за имињата на нашите близнаци и таа сака да бидат исти. Реков дека не ми се допаѓа идејата. Имам сестра близначка со која секогаш морав да споделувам сè и тоа навистина ме нервираше. Таа вели дека тоа е слатко, но јас ѝ реков дека за доброто на нашите деца не треба да им даваме исти имиња. Тоа би било катастрофа“, открил сопругот во својата објава, додавајќи дека дури и неговата баба застанала на страната на сопругата.

Во коментарите луѓето го поддржале во неговата одлука да не им дава исти имиња на близнаците.

„Тоа е без врска. Иако се близнаци, тие се две различни личности и дефинитивно мислам дека не им требаат исти имиња. Доволно е што нивните родители постојано ги облекуваат во иста облека, дури и тоа ми пречи. Исти имиња – тоа е сепак премногу ако ме прашувате мене“, е само еден од многуте коментари за поддршка на овој иден татко.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top