Здравје

Труднички градник – работи што мора да ги знаете

Во текот на бременоста градите можат да пораснат и за пет броја, што значи дека им треба добра поддршка, но и удобност. Градникот треба да биде цврст и удобен за да не се опуштат мускулите, особено по породувањето и прекинувањето на доењето.

Во продолжение прочитајте ги одговорите на сите прашања при купување градник:

Кога да купам труднички градник?

Најдоброто време е околу еден месец пред датумот за породување. Не купувајте градник во првото и второто тримесечје од бременоста бидејќи вашите гради ќе растат кога ќе дојде млекото.

Колку цврст треба да биде градникот?

Многу – особено во делот што оди преку грбот. Изберете градник кој има засилувања во задниот дел за олеснување и ослободување на дијафрагмата. Корпите мора да бидат доволно цврсти и пространи за да не ги притискаат градите, а задниот дел да не ви го пресече грбот.

Кој крој е најдобар?

Градникот мора да биде дизајниран така што да можете да го одврзете со едната рака (затоа што ќе го држите бебето во другата) и да му ги понудите градите на вашето бебе без многу одложување. Добро е што делот што се наоѓа на брадавицата да биде мек бидејќи за време на доењето вашите брадавици би можеле да станат особено чувствителни.

Дали да носам градник додека спијам?

Ако вашите гради се полни со млеко, можеби ќе бидат тешки и болни, тогаш градникот може да ви помогне да се чувствувате подобро. Во тој случај, ве советуваме да купите уште еден градник за спиење – кој ќе биде потенок и помалку цврст од дневниот градник.

Каков материјал се препорачува?

Добро е секој градник, па и трудничкиот, да е од памук за да може вашата кожа слободно да дише.

Колку градници треба да имам?

Ако го доите вашето бебе само во првите шест месеци, или до една година, тогаш дефинитивно ќе ви требаат неколку градници во тој период. Колку од нив ќе искористите во таа година, зависи од многу работи – големината на вашите гради и количината на млеко, зачестеноста на доењето, па дури и од вашето бебе. Ако можете да си го дозволите тоа, најдобро би било веднаш да купите три градници.

Зошто е важно градникот да биде удобен?

Затоа што вашите гради произведуваат млеко. За да можат млечните жлезди да работат добро, тие треба да бидат слободни за ништо да не го спречува слободниот проток на млекото.

Што да правам со градникот кога ќе престанам да дојам?

Кога ќе престанете да доите, вашите гради ќе се намалат. А тој градник ќе ви биде преголем. Освен тоа, ќе ги сакате оние убави градници што ги носевте.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top