Здравје

Трудна сум. Колку смеам да се здебелам?

Некогаш важеше правилото – помеѓу 9 и 12 килограми. Но тие времиња се минато. Ако жената на почетокот од бременоста е вита, смее да се здебели повеќе отколку пополна жена, но во нормала тоа е меѓу 7 и 18 килограми.
Не грижете се ако во првите недели од бременоста повеќе слабеете отколку што се дебелите зашто возбудата и утринската мачнина влијаат врз желудникот – зголемување на тежината треба да се очекува од четвртиот месец на бременоста – околу 300 грама неделно, а во последните недели околу половина килограм. Ако некоја жена премалку се здебелува, постои опасност бебето да гладува.

Прекумерната тежина предизвикува труднички дијабетес

Пополните жени често се плашат од следново: прекумерната тежина го зголемува ризикот од повисок крвен притисок и појава на труднички дијабетес. Но и покрај тоа, сега не е време да започнете диета – поради диетата бебето може да не биде доволно снабдено со тоа што му е потребно. Лекар ќе ве советува како најдобро да постапите.

Како смее да расте мојот индекс на телесна тежина?
ИТТ на почетокот на бременоста – препорачан раст на тежината во текот на бременоста:

Низок (помал од 19,8) – 12,5 до 18 кг
Среден (19,8 до 26) – 11,5 до 16 кг
Висок (повисок од 26) – 7 до 11,5 кг

Неодоливи желби? Немојте да бидете престроги кон себе!

Доколку многу често ви се јаде нездрава храна, не грижете се. Витамините и минералите што евентуално ви недостигале може да ги надоместите со средствата што служат како додаток на исхраната, иако витаминската таблета не е вкусна како свеж ананас. Но, во бременоста сепак е најважно да бидете задоволни и среќни. Тој што постојано се оптоварува со здравата храна, не си прави услуга ни себеси ни на бебето. Подобро е да се потрудите да го надоместите тоа некако.

Совет: Не можете да ја совладате неодоливата желба за благо? Повремено дозволете си чоколадо. Десерт со помалку калории е сладоледот, а содржи и калциум, па затоа е добро секогаш да го имате на менито.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top