Секоја година списоците од наставниците за купување неопходни училишни материјали се преполни. Но, оваа година нештата се различни. Среде глобалната здравствена пандемија, она што им треба на наставниците од родителите оваа година, повеќе од кога било досега, е поддршка.

Без оглед дали вашето дете ќе биде физички присутно во училиштето или виртуелно, на наставниците ќе им треба ваша помош за да се осигурат дека целиот процес ќе функционира за секого. По долгомесечно учење на далечина, голем дел од родителите сфатија колку значат наставниците и сега имаат сосема ново ниво на благодарност кон нив. Сега тие знаат колку напорно работат наставниците секој ден за децата да бидат безбедни, сакани и да научат колку што е можно повеќе. Но, поддршката за наставниците е приоритет број еден оваа учебна година.

Додека секоја училница, секое училиште и секој наставник ќе има различни потреби, овие идеи за тоа што треба родителите да направат оваа учебна година ќе помогнат да се олесни транзицијата за секого.

1. Флексибилност

– Без разлика како ќе изгледа новата учебна година, дали ќе биде со физичко присуство или онлајн, ова ќе биде тест за сите. Неоткриена територија. Ја обожавам соработката во училницата, но оваа година тоа нема да биде дозволено. Ќе бидам надвор од мојата удобна зона и дефинитивно ќе ги немам сите одговори за тоа како ќе се промени текот на учебната година – вели наставникот по биологија Џејми Бохон.

2. Специфични материјали

Кога станува збор за материјали, секој наставник ќе има различни потреби.

– Најдоброто нешто што родителите можат да го направат е да разговараат со наставниците и да добијат конкретни одговори – вели Аманда Вејкфилд, наставничка во средно училиште.

Бидејќи секое училиште ќе обезбеди различни работи за секоја училница, најдобро е да се прашаат наставниците за тоа што би им било потребно.

3. Разбирање на децата

Кога станува збор за подготовките за оваа учебна година, наставниците би можеле да добијат помош од родителите за децата да ги знаат должностите во училницата.

– Децата сфаќаат дека оваа година можеби ќе биде различна, но знаат дека нивните наставници ќе бидат таму за нив, исто како и секоја година. Може да има различни правила што децата треба да ги следат, но важно е да ги слушаат и следат правилата – вели Вејкфилд.

4. Смирете ги вашите деца

Не треба да вршите голем притисок врз децата или да зборувате лошо за повторното отворање на училиштата пред нив.

– Минатата година имав деца што беа преплашени од Ковид-19. Да,  децата треба да бидат свесни, но не плашете ги. Обидете се да останете позитивни. Потсетете ги дека работите што ги правите се за тие да бидат безбедни. Сакам моите ученици да се чувствуваат безбедно на училиште, а не да се плашат – вели Сиднеј Пирс, наставничка во прво одделение.

5. Бидете трпеливи

Флексибилноста, трпеливоста и разбирањето се клучни карактеристики што родителите треба да ги користат за поддршка на наставниците оваа година. Дури и ако родителите сакаат да знаат детали за повторното отворање на училиштата, ќе треба да бидат трпеливи со наставниците, кои можеби уште ништо не знаат.

– Голем дел од наставниците едноставно не знаат како ќе се одвива наставата, дали онлајн или со физичко присуство – вели наставничката Кејси Смит.

6. Опрема за чистење

Средства за дезинфекција, марамчиња за дезинфекција и дезифициенси може да изгледаат како очигледен одговор на прашањето што им е потребно на наставниците од родителите, но среде здравствена пандемија овие резерви се повеќе ценети од нормално.

8. Повторно, разбирање

– Искрено, повеќе од какви било материјални работи потребни се трпеливост, флексибилност и разбирање, затоа што иако можеби ќе бидеме во училиште, дефинитивно нема да биде исто. Наставниците, особено оние во градинките, се обидуваат да ги сфатат сите препораки за безбедност за да создадат безбедна и нестресна средина за децата – вели Џејми Рој.

9. Над сè, благодарност

На крајот на краиштата, наставниците нема да знаат што ќе им биде потребно додека не почнат со настава, така што родителите треба да покажат благодарност.

– Дајте поддршка за тоа што ќе го бараат наставниците. Сите одиме кон неистражена територија и нема да ги имаме сите одговори, но ќе го искористиме нашето професионално расудување со оглед на околностите – вели Вејкфилд.

Извор



912

X