Здравје

Тројца оздравени, 26 нови случаи на коронавирус

Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 26 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово -4, Велес – 2, Кочани -1 и Пробиштип -1, информира Министерството за здравство. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти – од Скопје (жена на 79 години и маж на 63 години), пациент од Велес (58), пациент од Прилеп (67).

Денеска во Штип има 3 оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус во нашата земја изнесува 854 лица.

Според местото на живеење, досега се регистрирани во:

Скопје – 316

Куманово – 211

Дебар – 49

Штип-27

Прилеп –75

Тетово – 37

Струга – 43

Велес – 32

Битола –9

Охрид – 4

Кавадарци – 3

Гостивар –8

Гевгелија – 4

Струмица – 2

Крива Паланка-3

Радовиш – 4

Крушево – 3

Кочани – 22

Пробиштип – 2

Во изминатото деноноќие направени се 330 теста. Преку Институтот за јавно здравје – 317, преку Ветеринарен факултет -13, Авицена – 9, Биотек – 24 и „Жан Митрев“ – 71. Досега во земјата се направени вкупно 8.552 тестирања на Ковид -19.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top