72 нови случаи на коронавирус се регистрирани во земјата во изминатите 24 часа. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска изнесува 555 лица. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста денес си заминуваат 3 пациенти, информираат од Министерство за здравство.

На клиниката неколку часа по приемот во болница почина маж од Лабуништа (Струга) на 63-годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика.

По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7.

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во:

Скопје – 235

Куманово -114

Дебар – 49

Штип-19

Прилеп –33

Тетово – 29

Струга – 24

Велес – 10

Битола – 6

Охрид – 3

Кавадарци –2

Гостивар – 4

Гевгелија – 4

Струмица – 2

Крива Паланка- 2

Радовиш -3

Крушево – 2

Кочани – 14



912

X