Воспитување

„Жените ќе имаат вистинска еднаквост само кога мажите ќе ја споделат со нив одговорноста за одгледување на следната генерација“

„Тоа што ја имам Џејн ми даде подобра смисла на животот“ – изјави Рут Бејдер Гинсбург за своето првородено дете за „Атлантик“ во 2017 година.

Една година претходно, ценетата судијка на Врховниот суд и застапник за унапредување на родовата еднаквост и правата на жените, го споделила „советот за живеењето“, пишувајќи за „Њујорк тајмс“: „Балансот работа-живот е термин што не беше вклучен во годините кога моите деца беа мали, тој термин е соодветен опис за распределбата на времето што ја доживеав“.

Тешко е да се сумира сето она што оваа жена му го даде на светот. Но, еве нешто што секој треба да го чуе:

– Мојот успех во правно училиште немам сомнеж дека беше во голема мера поради Џејн. Посетував часови и учев до 16 часот попладне, а следните часови ѝ беа посветени на Џејн – прошетки во парк, играње смешни игри и пеење песни, читање книги и поеми, капење и хранење. Откако Џејн ќе заспиеше, им се враќав на книгите по право со обновена волја. Секој дел од мојот живот обезбедуваше одмор од другиот и ми даваше чувство на пропорција која им недостигаше на моите колеги на студиите.

Родена во 1933 г., Гинсбург беше една од деветте жени во нејзиниот клас на Харвардската школа за право, која броела 400 студенти. Ги започнала тие часови, меѓу сите тие мажи, со малечко дете дома. Во 2020 година тоа звучи застрашувачки, а сепак во 1956 година таа го правела тоа и покрај сите пречки. Години подоцна, се навраќа на тоа време не со спомени што ја задушуваат, туку со разбирање за тоа како нејзините деца ѝ помогнале да стане силата за еднаквоста под законот, интелектуален џин, несекојдневна икона на поп-културата по која светот сега тагува.

„Но, во тој секојдневен предизвик, покрај анксиозноста и преголемиот товар, нејзините зборови нè потсетуваат да гледаме и кон светлите работи, кон силата што ни ја дава мајчинството“.

Децата се нашата мотивација, нè прават подобри, посилни, похрабри луѓе. Го правиме тоа што го правиме не покрај нив, туку заради нив.

Во денешно време, работите се тешки – предизвиците со кои се соочуваме како мајки се невидени. Многумина од нас се соочуваат со новиот ден со страв за иднината со која ќе се соочат нашите деца. Се обидуваме да си ги зачуваме работните места додека им помагаме на децата со учењето, ни недостигаат нашите семејства, нашите пријатели, нашите животи – не гледаме крај на сето тоа. Откако била спомената рамнотежата работа-живот, таа ги избегнува мајките сè повеќе секоја година, а никогаш повеќе отколку во оваа 2020 година. Можеме само да го направиме она за кое имаме можност, кога можеме и на кој начин можеме.

фотоизвор: The Times of Israel

Гинсбург нè потсетува дека нашата радост, нашиот извор на среќа и забава се токму нашите деца. Тие се нашата мотивација, нè прават подобри, посилни, похрабри луѓе. Го правиме тоа што го правиме – не покрај нив, туку заради нив. Потребна ни е поголема помош и Гинсбург го знаеше тоа. Во 2001 година таа изјави:

„Жените ќе имаат вистинска еднаквост само кога мажите ќе ја споделат со нив одговорноста за одгледување на следната генерација“.

Но, таа исто така го знаеше фактот дека можеме да постигнеме многу додека вистинската еднаквост сè уште е пред нас. Можеме да ги воспитаме децата да бидат подобри отколку нашата генерација, да дадеме свој придонес во нашата демократија, со мали, но значајни дела, а можеме да си дадеме меѓусебно охрабрување. Можеме да пееме, читаме, да се бањаме, да се храниме и да им пристапиме на новите денови со обновена волја и чувство за рамнотежа – чувство кое ни го нудат децата.

Автор: Ејприл Даниелс Хусар

Извор

Поврзани написи

To top