Игротека

Трка со ролерки – учествуваа ученици од 30 скопски училишта

Лана Нацев од ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во женска конкуренција и Алексеј Нелепа од ОУ „Љубен Лапе“ во машка конкуренција се годинешните победници на познатата „Ролер трка 2019“, што денеска се возеше на булеварот „Илинден“.
Во трката учествуваа над 500 ученици од триесетина основни училишта од Скопје и од околината.

Детскиот културен центар „Карпош“ со поддршка од Град Скопје годинава по осми пат ја организираше „Ролер трка 2019“, наречена „Возиме кон иднината“.

Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух на нашите најмлади, како и создавање навики за спортување.

Фото: Борче Поповски

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top