Трка набрзо се претворила во хаос кога група деца од претшколска возраст се обиделе да ги надминат пречките на кој било начин. Видеото во кое е прикажана трката станало вирално, а на него се гледаат осум мали деца кои полни со ентузијазам ја започнуваат трката. Но, кога доаѓаат до пречките, едни се обидуваат да ги прескокнат, други едноставно ги отстрануваат од патеката или без причина паѓаат пред нив.
Смешното видео го снимил полупрофесионалниот кошаркар Вил Ферис во Азуса, Калифорнија. Го споделил и напишал: „Комедија во секој дел од патеката. Пречките ги исфрлаат младинците надвор!!!“ Видеото има 1,8 милион прегледи на интернет. Може да се забележи како еден тренер не верува во тоа што го гледа, додека учесниците се борат да поминат преку првата пречка.
фото извор: Тик Ток
Храброто момче во црвено паѓа пред пречката, па ја заобиколува. Може да се слушне и смеа од публиката составена од родители, браќа и сестри, кои навиваат за малите атлетичари.
Race of the year ??? pic.twitter.com/d7vIkpWp0i
— Will Ferris (@ChillFerris) July 11, 2017