Британскиот физичар Стивен Хокинг, неколку години пред неговата смрт, во интервју открил кои совети им ги дал на своите деца за кога ќе наидат на негативни настани во животот. Имено, почитуваниот физичар имал три деца, ќерката Луси и синовите Тимоти и Роберт, а неговите совети може да ги искористат и другите родители.

Еден од советите што им ги дал на своите деца бил: „Запомнете дека секогаш треба да гледате нагоре во ѕвездите, а не надолу во вашите нозе.“

Имено, Хокинг навистина имал многу предизвици и проблеми во животот, но не дозволил тоа да му влијае или да го спречува да ги оствари своите соништа. Вториот совет бил поврзан со работата и нејзиното големо значење.

„Никогаш не откажувај се од својата работа. Работата е таа што ни дава смисла и цел, а животот е прилично празен без неа“, ги советувал Хокинг своите деца.

И последниот, но не помалку важен совет бил за љубовта. „Ако сте доволно среќни да најдете љубов, запомнете дека таа е многу ретка и не дозволувајте случајно да ја изгубите“, им рекол Хокинг.

Извор



912

X