Како музички терапевт и психотерапевт кој работи со родители повеќе од една деценија, открив дека постојат два начина на кои тежнееме да бидеме кога сме со нашите бебиња: „директор на активности“ и „одјавен“. Кога сме во режим на директор на активности, ние сме ангажирани. Пееме песнички или читаме книга и ја водиме активноста. Што значи, одлучуваме која песна да ја пееме или која игра да ја играме и се занимаваме со нашето бебе. Кога сме во режим на одјавување, нашето бебе задоволно си игра самостојно и ние ја правиме потребната пауза.

Но, постои трет режим за кој често не размислуваме, а кој има огромни придобивки за вашето бебе – и за вас. Откако го открив тоа со моето бебе, се чувствував многу поповрзана со него. Беше релаксирачки за мене и се чувствував добро, а бебето беше мирно.

Јас го нарекувам режим на истражување.

Вашето бебе е како научник, постојано ја истражува околината. Зема играчка, ја врти во раката, ги чувствуваат текстурата и тежината и ја става в уста за подлабоко да ја испита. Вашето бебе интуитивно знае како да истражува.

Често мислиме дека треба да бидеме професори за нашите бебиња, да ги учиме и да им го покажеме светот околу нас. Но, факт е дека тие веќе знаат како да истражуваат. Ним им треба само да им помогнеме во нивното истражување.

Па, како да го направиме ова? Токму со овој режим. Во овој режим ние не ги водиме нашите бебиња во игра, ниту пак се одјавуваме; туку наоѓаме средина. Во оваа состојба нашите бебиња ја водат претставата, а ние ја следиме.

Целта на оваа активност е да го доживеете светот преку очите на вашето бебе. Иако не ја водите активноста, не можете да бидете пасивни. За да ги добиете сите придобивки, треба да бидете присутни и ангажирани, но не и активни.

Еве како да го направите тоа:

– Оставете ги телефонот и други работи што би ви го одвлекле вниманието.
– Пуштете музика што смирува.
– Легнете до вашето бебе, вашата глава треба да е блиску до неговата.
– Дајте му играчка. Или ако бебето не може да фаќа со рачињата, држете ја играчката над него. Забележете:

– Што гледа вашето бебе?
– Кој дел од играчката го истражува?
– Дали ја врти и дали ја става во устата?
– Дали ги испитува боите и формите?
– Дали неговиот поглед талка подалеку од играчката? Каде?

Оваа едноставна триминутна активност е изненадувачки засилувач за поврзување. Ја зајакнува вашата врска помагајќи ви да научите да го гледате светот низ очите на вашето бебе.

Автор: Веред Бенхорин
Извор



912

X