Како мајка на 6-годишно дете, мојот телефон е преполн со контакти од типот „мајката на Мери“ или „таткото на Дејна“. Така ги запишувам родителите на мојата ќерка и ги следам нејзините нови пријатели. На ваков начин успевам да го поврзам возрасниот човек со детето, но сепак тоа е малку чудно. А, Мери и Дејна никогаш нема да ги имаат соодветните презимиња, барем не во мојот мобилен телефон.

Писателот Џордон Дирдахл-Робертс споделува подобар начин. На „Твитер“ напишал: „Трик за лесен родителски живот: користете ја опцијата „Компаниј“ во вашите контакти за да следите кои пријатели на вашите деца на кои возрасни им припаѓаат. Тоа ви заштедува време да не ги меморирате луѓето како Мајка или Татко на некого“.

Го пробав ова на мојот „ајфон“ и одлично функционира. Во нов контакт го запишувам целото име на мојот сопруг и потоа ја наведувам „компанијата“ како „Таткото на Меги“. Кога ќе ѝ речам на Сири да го повика таткото на Меги, тоа и се случува (исто така, може да го запишете името на пријателот од вашето дете и во опцијата за прекари наместо во компанија). На андроид-телефоните ќе ги запишете пријателите на детето само користејќи ја опцијата „прекар“ (англ. Nickname), ако користите „Гугл асистент“ за да испраќате пораки или да остварувате повици.

Овој трик ни дозволува да бидеме повеќе отколку само нечиј татко или нечија мајка.

Автор: Мишел Ву



912

X