Детските тантруми, или напади на бес, се еден од најголемите предизвици за родителите. Сепак, постојат стратегии што може да помогнат во справувањето со овие ситуации, а една мајка на нејзиниот профил на „Тик-ток“ го споделува својот ефективен метод.
Самата помисла на излив на бес или тантрум, за многу родители предизвикува паника, па тие се чувствуваат беспомошни. Но, она што всушност се случува е тоа што мозокот на детето како да е „закочен“, додека неговото тело е во хаос. Слично на тоа како што се чувствуваат возрасните кога доживуваат паничен напад, така и децата во овие моменти не можат да ги контролираат своето тело и емоции.
Токму затоа, кога детето ги изразува своите емоции на ваков начин, потребно е да се интервенира за да се врати во „реалноста“.
Една мајка има корисен совет за родителите кои се соочуваат со тантруми. Таа ги споредува тантрумите со паничните напади кај возрасните и објаснува како се справува со нив: – Слично како што би постапила кога станува збор за мене, така ја решавам и реакцијата на детето. Тргнувам од физичката реакција на детето, а потоа се обидувам да разговарам со него за причината на неговиот тантрум – вели таа.
На оваа стратегија ѝ треба само едно мало дополнување за да стане навистина ефективна: свртување на вниманието на детето кон нешто физичко, нешто што ќе му ја врати концентрацијата во моментот. Слично како што се препорачува при панични напади, важно е да се вклучат некои физички сензации кои ќе го одвлекуваат вниманието од ирационалниот бес. За оваа мајка, тоа е едноставно – на детето му дава коцка мраз и го поттикнува да ја фрли во када.
– Кога му давам коцка мраз и му велам да ја фрли во кадата, веднаш го гледам како се смирува. Мразот ја прекинува нервозата и го смирува неговиот нервен систем бидејќи ја фокусира неговата концентрација. Ова е најдобрата техника за смирување што ја пронајдов – вели таа.
@newenglandrunnr Also works at daycare because they just have him splash cold water on himself 👍🏻
♬ original sound – newenglandrunnr
912