Грчевите кај бебињата најчесто се јавуваат по втората или третата недела од животот, а тегобите најчесто се најизразени околу шестата до осмата недела, по што постепено престануваат, најчесто до третиот месец.
Ако сте имале новороденче кое имало проблеми со грчеви, тогаш сигурно многу добро знаете какво е чувството кога го гледате вашето дете како вреска, плаче и се грчи од болка. Иако грчевите кај доенчињата е невозможно да се излекуваат, постојат начини на кои можете барем малку да ги ублажите.
Некои од овие начини се „возење велосипед“ со нозете, топла бања и нежно нишање додека гасовите не поминат сами од себе, но што да направите ако ништо од тоа не функционира? Во тој случај можеби ќе сакате да пробате трик споделен од дадилка и мајка на четири деца на нејзиниот профил на „Тик-ток“.
Техника која ги освои родителите
Во видеото докторката Луси му помага на својот 11-месечен син да го стимулира стомакот со движења за да го подобри варењето и да ги намали гасовите. Видеото брзо ги освои родителите и беше прегледано повеќе од два милиони пати. Клучот за сè, вели таа, е да се прават движења во форма на бројката осум. Таа нежно ги движи стомакот и колковите на детето од една на друга страна, а неговото опуштено лице кажува сè. Чекор по чекор, Луси го опишува механизмот на нејзините движења во видеото.
@enchantednanny Digestive help for colicky babies or trapped wind #babyhack #mumsoftiktok #babiesoftiktok ♬ original sound – The Enchanted Nanny
„Правите движења во насока на стрелките на часовникот. Иако стомакот на бебето не се движи, млекото се движи низ него премногу бавно. Ова предизвикува акумулација на гасови, што е ужасно болно за малите бебиња“, објаснува таа.