Кога детето има конјунктивитис или слични проблеми со очите за што му се препишани капки за очи, тогаш имате голем проблем – ниедно дете не сака да му ставаат капки в очи, но овој трик може да ви помогне.
Капнувањето капки во очите е едноставна, банална и безболна процедура што со детето се претвора во битка и на крај не сме сигурни колку капки завршиле во окото.
По разговор со педијатарот, мајката Бет Ксварецки се обидела да го примени советот од искусната докторка. Процедурата оди вака:
1. Детето нека легне на грбот и нека ги затвори очите.
2. Свртете му ја главата малку настрана, така што окото што сакате да го третирате да е повисоко од мостот на носот.
3. Ставете капка во малиот дел каде што мостот на носот се среќава со аголот на затвореното око на детето.
4. Речете му на детето да ги отвори очите додека сѐ уште лежи. Капката, по правилото на гравитацијата, ќе оди директно во окото.
Како што тврди мајката, процедурата била едноставна и успешна и нејзината ќерка сама побарала повторно да ѝ става капки.