Обидите да им дадете лек на децата понекогаш се речиси неуспешни, па родителите бараат различни решенија и трикови што ќе им помогнат. Здравјето на нашите деца е на прво место, а вирусите во градинките и училиштата често го исцрпуваат целото семејство.

Самиот факт дека на детето му е потребен лек создава напнатост и нервоза, па во таква ситуација му е потешко да прифати нешто ново. Но, една 28-годишна мајка на пет деца покажа дека има големо искуство со ова, откривајќи дека секогаш успева.

Лина Френсис од САД го сподели своето искуство на „Тик-ток“ и имаше над 5 милиони прегледи.

– Мајка сум 10 години и никогаш не сум слушнала за овој трик. Ако вашето бебе не реагира добро на пиење сируп од шпприц, тогаш мора да го пробате ова – рече таа.

Додека бебето лежи во креветчето и пие млеко, мајката го заменува и бебето го пие целиот лек.

Некои корисници беа навистина импресионирани и воодушевени од трикот, додека друга мајка предупреди:

– Само бидете внимателни, јас го направив истото со моето петмесечно дете, а потоа тоа одби да пие од шише бидејќи мислеше дека е лек – рече таа.

@linafrancesandfam #momhack #sickbaby #medicationadministration #momsoftiktok #momtricks #babybottle ♬ Howl’s Moving Castle – Merry-Go-Round of Life – Vitamin String Quartet

Извор



912

X