Тригодишно момче вешто избегнало неволја откако ѝ ја скратило косата на својата сестра – бидејќи успеало да ѝ направи навистина шик и стилска фризура. Бреана Нејлор (35) и нејзиниот сопруг Мајкл (30) од Квинс Крик, Аризона, САД, биле во кујната кога сфатиле дека Колт и неговата сестра Кимбер станале многу тивки. Кога отишле да ги проверат, Бреана ги пронашла во плакарот, девојчето било покриено со парчиња коса, а Колт во рацете држел ножици.

За среќа, нивната сосетка Џен Булок, фризерка, можела да дојде на помош и да ја заврши работата што ја започнал Колт, па сега Кимбер има фризура на која ѝ завидува и мајка ѝ.

– Кога ги видов, се шокирав, но помислив дека тоа е смешно. Почнав да се смеам. Дојде и сопругот, беше малку лут на почетокот – сè додека и тој не го пронајде хуморот во целата ситуација. Колт навистина успеал да направи нешто храбро, но Џен дојде да помогне. Не сум сигурна дали Кимбер сега е посамоуверена поради фризурата, или сега нејзината фризура одговара на нејзиниот карактер. Сметам дека оваа фризура сосема ѝ прилега — вели Бреана.

– Им објаснивме дека не треба да си играат со ножици, а се гледаше дека Колт се чувствува лошо поради тоа што го направи. Ги натеравме со правосмукалка да ги соберат влакната. Мислам дека Колт ја научи лекцијата и нема да го повтори веќе ова. Исто така, на фустаните што беа во плакарот имаше дупки на нив. Не само што ја сечел косата на сестра си, туку тоа го правел и со моите фустани. Еден од нив морав да го фрлам – рекла мајката.

– Кимбер не сфати дека она што го направиле е лошо, но мислам дека уживаше во сето внимание што го доби. Таа е многу независна и знае што сака. Не сум сигурна дали на Колт му е судено да биде бербер. Секојпат кога ги вадам ножиците за да го потстрижам сопругот, тој ме моли да се обиде – додава Бреана.

Автор: Џесика Грин



912

X