Тригодишната пијанистка Бриџит Кси наесен ќе настапи во њујоршката концертна сала „Карнеги хол“, со што ќе биде една од најмладите што некогаш се појавиле на сцената во таа сала.

На почетокот од оваа година младата Бриџит од Конектикат го освоила првото место на Меѓународниот музички натпревар „Елит“, обезбедувајќи си место на Меѓународниот натпревар за музички таленти „Протежи“ што ќе се одржи на 22 ноември 2021 година.

Бриџит ќе наполни 4 години на 19 јуни, а ќе отсвири дело на Моцарт. Девојчето учи да свири на пијано од нејзината наставничка Фелисија Фенг Занг, која е основач на академијата „Ол талент“. Таа вели дека нејзината млада ученичка знае да чита ноти и има импресивна координација на очите и прстите.

Извор



912

X