Малечката Лана Никсон се бори со тежок тумор на мозокот и нејзиното семејство стравува дека таа нема да доживее некои важни моменти. Затоа, нејзината 16-годишна сестра Неве ја поканила на својата матурска забава.

„Уживаше во автомобилот и непрестајно зборуваше дека таа и Неве се принцези“, изјавила мајката Гема Никсон за „Дејли мејл“. За целото семејство било премногу емотивно да ја види Лана во розов фустан бидејќи главно е во болнички пижами.

„Толку беше среќна, се смееше, баш како секое тригодишно дете. Целата приказна ги крши срцата, не можам да замислам низ што поминува тоа семејство“, открил Шеб Ахктар, кој во „ролс-ројс“ го возел девојчето на матурската забава .

Лана била здрава сè до минатиот јуни кога се пожалила дека лошо се чувствува. Родителите мислеле дека е во прашање вирус, но симптомите се влошиле. Ѝ било тешко да оди, слабеела, спиела и повремено повраќала.

По шест посети во болницата не ѝ станало подобро, а лекарите исто така се сомневале дека се работи за вообичаена детска вироза. Кога конечно била испратена на магнетна резонанција, било јасно: имала огромен тумор на мозокот. Оперирана е во рок од 24 часа. Оттогаш поминала низ уште две операции и 12 хемотерапии. Иако моментално е под надзор, лекарите велат дека се работи за редок вид тумор, кој е агресивен и во случајот на Лана не може да се излекува.

Никсон и нејзиниот свршеник, таткото на Лана Ендру Хасвел, дале откази на работа за да можат да поминуваат повеќе време со ќерката откако ја дознале дијагнозата.



912

X