Сите сакаме да мислиме дека нашите деца се надарени, но вистината е дека има многу малку дечиња што се вистински гении. Еден од нив е несомнено тригодишниот Исаја Гиамфри, попознат како Изи Џи на „Инстаграм“. На неговиот профил, кој го следат над десет и пол илјади луѓе, неговата мајка редовно ја објавува неговата способност за решавање математички задачи кои би ги посрамиле голем дел од родителите.

Неговата мајка вели дека сè научил сам. Тригодишното дете, кое е по потекло од Гана, има навистина неверојатни вештини. Може да пресмета сложено множење, делење, квадрат и сѐ друго што најверојатно би го мачело секој родител, а камоли детето. Но, објаснува неговата мајка, тој може да се справи со тие задачи без никакви проблеми. Додека неговите родители очигледно завршиле одлична работа во негувањето и проширувањето на неговите интереси, има многу вештини што тој самиот ги учи во овој момент.

Во едно видео, во кое Изи ги удвоил бројките на 65.000, неговата мајка Џазел, која исто така е учителка, напишала: „Го слушам во мојата соба како ги учи сите овие нови работи секој ден без пропуст и мислам дека ниту јас не би можела да ги решам задачите“.

Има страст и за јазиците

Покрај неверојатните математички способности, Изи сака и јазици. Тој често решава математички задачи користејќи римски бројки, а самиот се научил да пишува броеви и на италијански и на француски. Неодамна почнал да учи шпански, а неговата мајка вели дека може да брои на девет различни светски јазици, вклучувајќи го и јапонскиот.

Изи покажува интерес за математиката уште од детството

Генијалноста на Изи не може лесно да се објасни, но неговата мајка изјавила дека нејзиниот син почнал да покажува интерес за математика и пресметки на пет месеци. „Кога првпат сфати како функционираат одредени обрасци во компјутерите, сѐ беше готово. И денес постојано решава математички задачи, но неговото познавање на математиката го довело до точка да може да разбере што прави и да го примени во ситуации од реалниот живот“, објаснила гордата мајка, а луѓето се воодушевени од неговата способности.

„Фантастично. Не ми се верува дека има само три години и може да пресмета вакви работи. А тоа го научил сам, вистински мал гениј“, се само дел од коментарите.

Извор



912

X