Секое дете е различно, учи да оди, да зборува и да јаде во различен период – а тоа се однесува и на клучните моменти, како што е одвикнувањето од пелени. Сепак, има знаци што ви даваат до знаење кога вашето дете е подготвено да се откаже од пелените и да започне да врши нужда во нокшир. Кога ќе бидете свесни за знаците, полесно ќе ви биде и вам и на детето.

Ова се трите знаци на кои треба да обрнете внимание:

Подолг период на суви пелени во текот на ноќта – тоа покажува дека мочниот меур на детето развил посилни мускули. Можно е да откриете дека вашето дете нема потреба од често менување на пелените во текот на денот, или целосно му се суви во текот на ноќта. Мускулите се посилни, а тоа му овозможува на детето да ја задржува потребата подолго време.

Кога детето ќе застане за да изврши нужда – децата ќе почнат да препознаваат дека извршуваат нужда, па може да ги забележите и дека се кријат зад каучот или ве информираат кога вршат нужда. Тоа може да е одлично време за да ги извадите пелените и да го учите да кажува за нужда.

Кога вашето малечко разбира и следи инструкции… децата на возраст од 2 до 4 години се неверојатни, изгледа како секој ден да учат нова фраза и навлегуваат во покомплексни разговори со вас, па ќе сфатите дека дошло времето за вадење на пелените. Сепак, имајте трпение бидејќи често децата не ги применуваат инструкциите во практика.

Па, ако ги забележувате овие знаци – тогаш е совршено време да се мотивираат децата да ви кажуваат кога им се оди во тоалет и конечно да ги извадите пелените.

Автор: Аманда Џенер

Извор



912

X