Ако сте некој што го сака морето, ужива во слушањето на брановите, пливањето и сте импресионирани од моќта на водата, како и од синилото што се спојува со небото и во кое сонцето секојдневно се нурнува, тогаш можеби морето ќе ве инспирира за името на вашата ќерка.
Ви пренесуваме 3 женски имиња кои се поврзуваат со морето, но имаат и дополнителни длабоки и убави значења:
Дариа – ова име на персиски значи „море“. Освен тоа, Дариа има симболика и значење како „онаа што е надарена“; „најубавиот подарок“, „дар од небо“… Во овој регион, попопуларната варијанта на името е со буквата ј – Дарија.

Дорис – доаѓа од грчкиот збор „дорос“, поврзан со Дорид, хеленската божица на морето, па се смета дека таа е „кралица на морето“, а првобитното потекло е од „дорон“, што значи „дар, подарок”.
Адријана – потекнува од илирскиот збор „адур“ што значи „море“ и „вода“. Според латинското потекло, потекнува од „H(A)drianus“ што значи жител на „Адрија“, место на брегот на Јадранското Море, по што е наречено „Маре Адриатикум“.