Постојат 3 фази во развојот кај момчињата за кои секој родител мора да биде свесен

Воспитувањето на момчињата не е едноставно. Не постои едноставен начин кој од момче ќе направи одговорен маж. Ако сакате вашиот син да израсне во зрела и силна личност, мора да имате увид во основните образовни програми.

Ако внимателно го набљудувате синот, ќе забележите дека се менува секој ден, а неговото расположение и енергија константно варираат. Да се разбере момчето е голем предизвик: што му треба и кога му треба.

Постојат три фази во развојот кај момчето на кои мора да се обрне специјално внимание:

1. Првата фаза го опфаќа периодот од раѓањето до шестата година – возраст на која детето најмногу е поврзано со мајката. Тоа е „нејзино“ дете, иако и таткото може да има голема улога во животот на детето исто така. Целта на едукацијата во овој период е на детето да му се пренесе голема љубов и чувство на сигурност, да се „наполни“ за животот кој го очекува.

2. Втората фаза трае од шестата до четиринаесеттата година – период во кој момчето, следејќи ги своите внатрешни чувства, сака да научи да биде маж и сѐ повеќе се угледува на својот татко. Во овој период детето мора да развие чувство за неговите способности, добрина и отвореност, односно мора да развие хармонична личност. Во овој период на момчето многу му се важни чувството на радост и удобност.

3. Третата фаза трае од четиринаесеттата година до полнолетството – тогаш детето покрај себе треба да има машки ментор, ако сака да биде целосно подготвено за периодот на созревање. Мајката и таткото во овој период од животот на нивното дете мора да се повлечат настрана и да најдат соодветен ментор за нивниот син. Во овој животен период целта е детето да научи некои конкретни вештини, да му се всади чувство на одговорност и самопочит, за активно да се вклучи во возрасната доба.

Запомнете: Во развојот и воспитувањето на детето треба да учествуваат и двата родители. Не смее да се случи нагла промена при влијанието од едниот на другиот родител.

Од раѓањето до шестата година:

Во овој период момчињата не се разликуваат многу од девојчињата. Полот не е важен и тие се бебиња како и сите други. Мајката игра главна улога и таа е центар на светот на малото дете. Меѓутоа, таткото не смее да стои настрана, туку мора да се труди рамномерно да биде присутен во животот на момчето. Пресудно чувство за дете на оваа возраст е чувството на сигурност. Овој период пребрзо поминува, така што гледајте што повеќе време да поминувате со вашето момченце…

Од шестата до четиринаесеттата година:

Заспаната машкост кај момчињата се буди во овој период. Момчињата нагло престануваат да бидат деца: опседнати се со суперхерои, борби, оружје… Момчињата буквално „се закачуваат“ за таткото или дедото или друга машка фигура, обидувајќи се да бидат исти како нив.
Мајката сè уште е важна, но во овој период од животот таа мора да му го препушти кормилото на таткото. Меѓутоа, не смее да го лиши својот син од топлина и нежност. Мајката секогаш мора да инсистира детето да ѝ дозволи да го помилува, да го гушне и бакне.

Во овој период од растењето на детето многу е важно семејството да биде заедно и да практикува заеднички активности. Семејството мора заедно да руча, ако не во работните денови, барем во текот на викендот. Таткото мора да има заеднички активности со синот, на пример, некој заеднички спорт, играње игри, правење куќичка за птици и слично.
Не пропуштајте ја можноста да учествувате во животот на вашиот син!

Од четиринаесеттата до осумнаесеттата година:

Ова е бурен период во животот на едно момче. Тестостеронот расте за речиси 800 проценти. Често стануваат невнимателни, тврдоглави и го менуваат расположението. Тоа не мора да значи дека се менуваат на полошо, едноставно во нив се раѓа нова личност, а новото раѓање секогаш е борба.
Ова е тежок период за родителите бидејќи синот веќе не сака, а и нема што ново да научи од нив. Затоа својата воспитна улога мора да му ја препуштат на некој друг. Тука на сцена стапува друг маж кој ќе биде некој вид ментор на момчето. Тоа обично е наставникот, тренерот, некој роднина или постариот брат.

Тие луѓе обично не се свесни за својата улога, но родителите се должни да поразговараат за тоа и да им стават до знаење дека момчето сега се угледува на нив.
Без оглед што ќе направи вашето дете во животот, добро или лошо, секогаш имајте на ум дека вие сте го родиле, дека настанало од вас и дека вие сте најмногу одговорни за неговиот успех или неуспех.



912

X