Нарушувањето кое подразбира хиперактивност со дефицит на вниманието (АДХД) е невроразвојно нарушување кое сè почесто се јавува кај децата и младите. Според најновите податоци на Американската академија за педијатрија, 12 проценти од децата на училишна возраст имаат АДХД. Исто така, резултатите покажале дека на момчињата ова нарушување им се дијагностицира три пати почесто отколку на девојчињата.

Експертите истакнуваат дека не е секогаш најлесно да се препознае оти детето страда од нарушување на вниманието и хиперактивност. Сепак, тоа не е невозможно. Како што објаснуваат, постојат три предупредувачки знаци кои укажуваат на тоа дека детето може да има АДХД, а тоа се невнимание, хиперактивност и импулсивност.

„Овие три симптоми најчесто се јавуваат кај деца кои имаат проблеми со дефицит на внимание и хиперактивност. Тешко се концентрираат на одредена работа, премногу се разиграни и хиперактивни, а имаат тенденција и да носат импулсивни одлуки“, објаснуваат психолозите.

Постојат некои други знаци кои укажуваат на АДХД кај децата. Децата кои страдаат од ова нарушување лесно губат контрола над сопствените емоции, зборуваат многу, ги прекинуваат другите и се посклони на повреди од нивните врсници.

Извор



912

X