Сестрите близначки (тројка) Трен биле родени на растојание од само неколку минути, еднаподруга, а сега тие прославуваат уште еден клучен момент во нивниот живот. Џина, Нина и Викторија од Оринџ Каунти, САД, се истовремено бремени и се очекува да се породат во следните 4 месеци – ќе имаат две момчиња и девојче. „Јас сум најстара и ќе имам девојче. Нејзиното има ќе биде Лејтон Грејс“, рекла Џина.

„Јас сум средна и сум се родила 4 минути по Џина, а сега сум бремена со момче чие име ќе биде Хендрикс Пол“, рекла Нина. „Јас сум најмладата и сум се родила 4 минути по Нина, а 8 минути по Џина и сум бремена со момче. Тој ќе се вика Зејден Смит“, рекла Викторија.

фото извор: „CBS Los Angeles“ – screenshot

Заедно, тие се дел од „бејби-бумот“ во пандемијата на ковид-19. „Откако откривме дека Нина е бремена, ја охрабривме и Џина“, изјавила Викторија. Сестрите сега имаат 35 години и се очекува да се породат во јули, август и во ноември. Тие сега заедно создаваат спомени преку избирање облека за бебињата и споделување на трудничката облека меѓу себе.

„Интересно е што тие имаат закажани термини во ист ден за преглед, па си помислив колку е убава оваа приказна на трите сестри кои се бремени во исто време“, рекол лекарот.

Извор



912

X