Лесно е да се најдете во ситуација кога толку многу се обидувате да бидете совршена мајка, што ја губите од фокус важноста на вашата врска со личноста со која го создале детето – вашиот сопруг. Во денешниот свет мајките жонглираат со повеќе обврски со работата, семејното време и социјалните ангажмани.

Како резултат на тоа, сопрузите се чувствуваат поизоставени од кога било. Во крајна линија – треба да бидете свесни дека секојпат кога ќе им кажете „да“ на вашите деца, во суштина му велите „не“ на вашиот сопруг.

Не сте сигурни дали улогата на мајка ја надминува вашата улога на сопруга? Ако ги правите овие 3 работи, вие сте одлична мајка, но лоша сопруга:

Ги охрабрувате вашите деца да испробуваат повеќе воннаставни активности

Недостигот на ограничувања во оваа област завршува со чувство на преоптовареност кај вашите деца, кои цел живот ќе мислат дека имањето обврски и задачи постојано е нормално. На крајот на денот, ако ги префрлате децата од една активност во друга, невозможно е да седнете дома со вашиот партнер и да се поврзете.

Решението е едноставно, дозволете му на секое од вашите деца да избере по една активност за да можете да останете дома повеќе и да поминувате квалитетно време и со сопругот.

Вашите деца влегуваат во вашата спална соба без никакви ограничувања

Велите „добра ноќ“, а вашето дете ползи во вашиот кревет, ве гледа со широко отворени очи и ви вели: „Те молам, мамо, само уште една приказна?“ Четириесет и пет минути подоцна сте заспале читајќи и вашето дете сега е во вашата спална соба наместо во сопствената.

Воспоставете одредена рутина (една книга, читање во детската соба) и држете се до неа доследно, па така ќе им покажете на вашите деца дека можат да ви веруваат дека ќе го одржите зборот. Вашиот брачен кревет е свет простор за споделување меѓу вас и вашиот сопруг. Затоа создајте безбеден простор за вашите деца во нивните сопствени кревети.

Се грижите за одговарање на секое прашање и каприц на вашите деца

Ако имате трпение да одговорите на прашањата од типот: „Мамо, каде одат скакулците во тоалет?“, или „Гледај како скока мојот монстер-трак (по 100 пат) денес“, браво, бидејќи вие сте природен негувател. Но, децата не разбираат дека е важно и „времето за возрасни“.

Не е во ред постојано да ве прекинуваат кога вашиот сопруг го дели денот со вас. Објаснете им дека не смеат да ве прекинуваат освен ако е итно (повреда, крвавење, физичка болка). Верувајте дека децата го почитуваат ова правило и можат да се справат со чекање на редот некое време. Вашиот партнер ќе биде многу благодарен за одвоеното време и фокусираното внимание.

Лесно е да заборавите на вашата улога како сопруга бидејќи да се биде мајка значи трошење многу време. Како жени, нашите улоги никогаш не завршуваат. И, ако правите едно (или сите три) од овие однесувања, правите одлична работа во улогата на мајка.
Клучот за добар брак е успешно балансирање на двете улоги, сопруга и мајка.

Никогаш не заборавајте дека почетните фази на промената се секогаш остри и непријатни. Повторното приспособување на стандардите, правилата и ограничувањата со децата не е лесна задача. Ниту, пак, прекршувањето на вашите познати, удобни навики (дури и кога тие навистина не ви се од корист). Но, на крајот, сите во вашата куќа ќе чувствуваат помалку стрес и ќе бидат многу посреќни поради промените што ги правите.

Автор: Џесика М.Милер

Извор



912

X