Бабите и дедовците се многу важни луѓе во животот на децата. Заедно со родителите, бабите и дедовците им се омилените луѓе на децата, со кои сакаат да поминуваат многу време. Тие се порелаксирана верзија од нивните родители, а можат да бидат и личностите кои ќе ги научат децата на важни вредности во животот.

Децата, бабите и дедовците во некои случаи не се гледаат толку често колку што би сакале, но има причини зошто треба да го поминуваат времето заедно. Најмалите ќе имаат корист од поминувањето време со своите баби и дедовци. Еве зошто.

Бабите и дедовците ги раскажуваат најдобрите семејни приказни

Поминувањето време со бабите и дедовците поттикнува уникатна меѓугенерациска врска, која е непроценлива за развојот на детето. Бабите и дедовците можат да ги научат внуците на многу животни искуства, приказни и мудрости. Тие можат да им раскажуваат на своите внуци семејни приказни и да им пренесат културни традиции и вредности. Интеракцијата со бабите и дедовците ги зајакнува семејните врски, но и на децата им влева чувство на припадност и идентитет.

Заедно со родителите, бабите и дедовците им се најголема поддршка на децата

Бабите и дедовците често обезбедуваат емоционална средина, полна со љубов и грижа. Голем број од децата со нивните баби и дедовци се чувствуваат многу безбедно и слободни да се изразат, без страв од осуда. Без разлика дали се работи за утешна прегратка, сослушување или зборови на охрабрување, бабите и дедовците играат клучна улога во зајакнувањето на самодовербата и издржливоста на децата. Нивното присуство нуди чувство на стабилност и сигурност, особено во моменти кога децата се под стрес.

Можат да ги научат на различни животни вештини

Со текот на годините, бабите и дедовците стекнале мноштво практични знаења и животни вештини. Од градинарство и готвење, до обработка на дрво и шиење, можат да ги научат своите внуци на различни вредни вештини, кои тешко дека можат да ги научат на друго место. Со заедничко учество во активности, како што е печењето колачи, грижа за градината или поправка на предмети за домаќинството, децата не само што учат нови работи, туку и развиваат чувство на независност и компетентност.

Извор



912

X