Училиштето пребрзо ги прави сериозни нашите деца и ги затрупува со разни информации, задачи и чувство на одговорност. Токму затоа, децата едвај го дочекуваат распустот и однапред му се радуваат.

Таа пауза од училиштето му е потребна дури и на детето што неодамна станало ученик и има одлични оценки.

Зошто распустот е толку скапоцен за нашите деца?

1. Училиштето е стресно

Училишниот стрес го создаваат: обврските (постојано учење, оценување, повремени или постојани тешкотии во следењето на материјалот, отпор кон одредени предмети или наставници), вашите очекувања и притисокот за детето да учи, докажување (пред себе, вас, врсниците, учителите), притисокот од врсничките групи (од искушението да се направи нешто недозволено, но предизвикувачко, па од тоа отворено и јасно да се изјасни за своите чувства).

Учење однапред – на пример, вежбањето математика однапред нема ефект. Размислете. Ако вашето дете има добри оценки по математика, ќе го разбере материјалот кој е предвиден со програмата кога за тоа ќе дојде време, во рамките на часовите. Од друга страна, ако мислите дека вежбањето однапред ќе му помогне да ги разбере лекциите кога ќе му ги предаваат наставниците, многу е поверојатно дека дотогаш ќе ги заборави отколку дека вежбањето да му биде некаква потпора. Причините за стрес може да бидат мали, на прв поглед неважни (на пример, раното будење може да придонесе за ненаспаност, а со самото тоа и за лоша концентрација на час, лоши оценки), или правилата што важат само во училиште, но не и дома (повеќе часа да се седи мирно, детето да биде постојано уредно, да не доцни, да ја крене раката кога ќе сака да каже нешто).

2. На децата им е потребно опуштање

Возрасните можат да користат многу можности за опуштање: спорт, прошетки, слушање музика, гледање со пријателите, читање… децата тие можности ги немаат, или не ги познаваат. Често немаат можност да прифатат одредени дневни случувања, бидејќи искуствата пребрзо се преклопуваат и новите ги потиснуваат претходните. Меѓутоа, и тие необработени искуства дејствуваат во потсвеста и можат да предизвикаат различни стресови.

3. Не е вистина дека нивната единствена обврска е да учат

Кога ќе му кажете на детето: „Твое е само да учиш“, правите повеќе грешки истовремено. Вашето дете, верувале или не, има свои проблеми, дури и кога вие за тоа не сте свесни. Дополнително го оптоваруваат и вашите очекувања, кои не се сведуваат само на учење, туку и на задржување на неговите навики и однесување со кои сте задоволни, а лошите да ги промени или претвори во оние навики за кои вие (повторно вие), ќе станете задоволни.

Автор: Јелена Холцер, педагог



912

X