Гневот е емоција која тешко се контролира, особено кога се во прашање децата. Сосема е нормално децата, како и возрасните, да се лутат одвреме-навреме, но родителите треба да научат како да се справат со тоа. Тие, исто така, треба да им помогнат на децата подобро да управуваат со гневот за да им обезбедат здрава иднина.

Експертите за родителство откриваат начини на кои родителите можат да им помогнат на децата да го изразат и контролираат својот гнев. Тие додаваат дека наоѓањето решенија за проблемите со гневот започнува со процес на елиминација, идеално во текот на првата деценија од животот.

Одржувањето дневна рутина може да помогне

На сите деца им треба структура и рутина во секојдневниот живот. Добрата рутина вклучува редовни оброци, рутинско време за спиење за да се избегне замор, време за игра, јасни семејни правила и разумни последици.

Психотерапевтот Минди Ламперт вели:

-Кога им дозволувате на децата да ги споделат своите мисли и чувства, им давате можност да ги потврдат тие чувства. Детето сака да верува дека личноста со која разговара го разбира. Додека возрасните можат да заклучат од јазикот на телото и другите знаци, на децата им требаат конкретни одговори. Кога ќе им кажете дека разбирате како се чувствуваат и што зборуваат, ги потврдувате тие чувства.

Контролирањето на гневот кај децата зависи од нивната возраст

Децата од предучилишна возраст, односно децата на возраст од пет или шест години, штотуку почнуваат да ја развиваат способноста за регулирање на емоциите: способност за препознавање, разбирање и изразување на нивните чувства. Така, тие нема да можат конкретно да им објаснат на своите родители зошто се лути, туку ќе ја покажат својата фрустрација преку емоции.

Меѓутоа, ако имате дете или тинејџер на училишна возраст, задачата на родителите е да им помогнат да научат да ги регулираат, забележуваат, именуваат, разбираат и изразуваат емоциите.

Обидете се да откриете што може да биде причината за нивниот гнев

Ако наставниците пријавуваат конфликти или пркосно однесување од децата секогаш кога треба да се префрлат од една активност на друга (на пример, од одмор во училница), да пробаат нешто ново, да работат независно или да соработуваат со врсниците, треба да стекнете подлабоко разбирање за нивното учење и потреби.

Ако бесот продолжи по разумен период на приспособување од неколку месеци, тоа може да биде знак дека вашето дете се бори со некој аспект од своето учење, или има друг проблем што вие како родители треба да го откриете. Разговарајте со наставникот за да добиете јасна слика за однесувањето и потенцијалните предизвикувачи. Ако проблемот не се реши брзо, размислете да побарате помош од психолог кој е специјализиран за работа со деца.

Раните интервенции можат да спречат тешкотиите во учењето да се претворат во проблеми со менталното здравје.

Грижете се за нивното ментално здравје

Ако сте воспоставиле здрави рутини и правила и сте ги отфрлиле проблемите со комуникацијата и учењето, а сè уште имате проблем да му помогнете на вашето дете да научи да ги регулира своите емоции, можеби е време да побарате стручна помош. Ако нивните испади се штетни, премногу чести, интензивни или го попречуваат семејниот живот, или ако се повлечени и депресивни, размислете да работите со терапевт кој е специјализиран за работа со деца.

Изберете експерт кој ќе ве вклучи во процесот бидејќи на децата им треба вашата помош во текот на целиот процес. Иако гневот сам по себе не е опасен, тој може да стане предизвик ако е присутен често или ако е неконтролиран.

Со трпение и соодветно водство, може да им се помогне на децата да го изразат гневот на здрав начин, што е пресудно за нивниот емоционален развој.

Извор



912

X