Годината што измина беше како никоја друга – не на добар начин. Пандемијата радикално го промени животот што сите го знаевме, особено зголемувајќи го тоа искуство за самохраните мајки. Грижата за себе е од есенцијално значење за самохраните мајки, сега повеќе од кога и да е. Но, тешко е да се постигне. Грижата за себе често е првата жртва за самохраните родители.
Дакота е еден пример – не е стара, во средните 30-ти е, разведена мајка со две ќерки близначки на возраст од 10 години. Животот е хаотичен, но си има и забавни моменти – излегувања со девојките, вежбање и повремено состанок со последниот избор од онлајн веб-страница за состанување. Нејзините девојчиња се добро згрижени, бидејќи и нејзината мајка живее блиску и помага. Но, сè се промени со пандемијата. Сега таа работи од дома, децата следеа онлајн-настава, се расправаа за сè и сешто, а баба им не доаѓала поради ризикот од заразување.
Во пандемската година таа пиеше многу, се здебели 7 килограми и немаше никаков сексуален живот. Се чувствуваше заглавена и лута. Една вечер, по многу вино, си помислила: „Ако умрам вечерва, дали вака сакам да ме запомнат моите девојчиња?“ Слушнала многу гласно „Не!“ во нејзината глава.
Грижата за себе кај самохраните мајки значи да си станете сопствен суперхерој. Веројатно опсесивно размислувате за проблемите со кои се соочувате, свесни за малата количина внимание што си го посветувате на себе. Да станете сопствен суперхерој не бара толку многу работа колку што мислите. Тоа е внатрешна работа која мора да ја завршувате. Важно е да разберете – секогаш е важно да го почитувате начинот на кој се чувствувате бидејќи суперхероите се полни со чувства, но си ги мерат своите постапки. Постапуваат стратешки, преземаат храбри акции, полни со страст и засновани на нивната мудрост, знаат кои се и што им е потребно.
Ова се 3 начини на кои може да се постигне грижата за себе кај самохраните мајки:
Препознајте ја својата изворна приказна – Како и кај сите суперхерои, вашата изворна приказна започнува со моментот кој ја менува насоката во вашиот живот. Вие сте во таков момент сега. Опишете го.
Именувајте ги чудовиштата во вашиот живот – именувањето на борбите што ги водите ги прави појасни и полесни за справување.
Именувајте ги своите суперсили – Можеби не знаете какви суперсили имате сè додека не откриете дека ги користите. Тоа се начините на кои се соочувате со новите чудовишта во вашиот живот. Па кои се тие ваши суперсили како самохрана мајка?
Надеж.
Знајте дека надежта може да донесе позитивни промени. Иако изгледа како парадокс, колку повеќе се надевате дека можете да направите нешто, толку повозможно станува. Може да започнете со надежта дека можете да се справите со стравовите. Надежта ве прави позитивни. Ве прави љубопитни. Ви ја ослободува креативноста. Ве потсетува дека во минатото сте постигнале нешто кое можете да го искористите сега.

Љубезност кон себе.
Да се биде љубезен и полн со поддршка кон себе наместо да се троши енергијата на упатување критики кон себе е голема промена во „играта“ наречена живот. Ова може да ви дозволи да ја инвестирате својата енергија во активно решавање на проблемите наместо да се депримирате. За почеток, направете дневна листа со 3 работи што сте ги совладале.
Сочувство за себе.
Тоа значи дека си го давате на себеси она што би му го дале на пријател кој поминува низ истите борби со кои вие се соочувате. Тоа значи да си ја дадете себеси истата љубов и прифаќање кои би му ги дале на пријател. Позитивните афирмации се добар начин за да се стори тоа.
Да се зајакнете себеси, значи да се грижите за себе. Со препознавање на сопствените суперсили можете да се зајакнете на повеќе начини, па да започнете да ги конструирате големите промени што ги заслужувате во животот. Сè се сведува на едноставна формула – сфаќањето дека сте многу повеќе од вашите борби и проблеми, па така ќе можете да откриете дека решенијата се исто така во вас. Тоа значи да се биде суперхерој!
Автор: Патриша О’Горман