Има многу идеи и митови за тоа што значи одлична мајка. Тие варираат од правење пита со јаболка до присуството во домот секој ден кога вашето дете ќе се врати од училиште. Повеќето од овие идеи имаат елементи на вистина во нив. Добрата вест е дека она што е навистина важно за успешното мајчинство се некои концепти што речиси сите мајки можат да ги почитуваат.

Еден од основните концепти е дека на децата им е потребна барем една доследна личност во нивните животи, која презема активности во нивен најдобар интерес. Се предлагаат три однесувања што можете да ги применувате, а кои нема да ве оптоварат – а сепак да ги отворат вратите за воспитување здраво, среќно дете.

За да ги разберете вашите деца, разберете го општествениот пејзаж

Можеби не сте го сфатиле целосно обемот на кризата што ја доживуваат нашите деца. Пандемијата, во комбинација со тековните престрелки во училиштата и ред други стресни настани, ги направи децата поанксиозни, депресивни, па дури и со самоубиствени нагони во поголема мера за разлика од претходните генерации. Сумирано, пандемијата им го одзеде организираниот секојдневен живот на децата – и на училиште и дома. Многумина изгубија најмалку половина учебна година или повеќе. Повеќето, исто така, пропуштија спортски активности, прослави, патувања и многу други нормални активности што децата очекуваат да ги прават.

Децата и тинејџерите треба да ги рашират крилјата и да бидат со оние на нивна возраст. Згора на сето горенаведено, многу деца изгубија член на семејството или близок човек.

Еве три однесувања кои им помагаат на мајките (и на татковците, исто така!) да го подигнат родителството на повисоко ниво:

Внимателно слушајте

Да се разбереме, ако го оставите телефонот за да ги слушате вашите деца, брзо ќе откриете колку сте остроумни и паметни. Вашата интуиција ќе почне да се појавува додека ги гледате, зборувате со нив и ги слушате.

Дали некој крие тајна? Можеби се чувствува депресивно и се плаши да го сподели тоа со вас. Можеби дури и да има некоја телесна повреда? Или едноставно детето бара повеќе прегратки и бакнежи?

Бидете подостапни

Ако сте подостапни, ќе имате повеќе време за да ги гледате вашите деца и да стапувате во интеракција со нив. Наскоро тие ќе забележат дека сте повеќе време тука за нив и повеќе ќе ви се отворат.

Бидете целосно искрени

Споделете многу од вашите чувства и вашите искуства, секогаш кога тоа е соодветно. Вашите деца ќе ги сакаат вашите значајни приказни од минатото и повторно – ќе станат похрабри да ги споделат своите чувства, приказни и грижи со вас. Може да се каже тоа е вин-вин ситуација за сите.

Автор: Д-р Барбара Бекер Холстеин

Извор



912

X