Игротека

Три минути во главата на двегодишно дете прикажани во 60 точки

Џејсон Гуд е американски писател и комичар, татко на двегодишен син кој му е постојан извор на инспирација. Еве што се случува во главата на неговиот син во рок од три минути, според толкувањето на тато Џејсон. Секоја од овие мисли трае околу 3 секунди:

1. Сакам да играм со телефонот на тато.
2. Сакам да играм со чевлите на мама.
3. Веднаш соблечете ми ги чевлите на мама!
4. Сакам да го отворам и затворам термостатот.
5. Сакам да ја палам и гасам ламбата на микробрановата.
6. Дали постои нечиј телефон со кој уште не сум играл?
7. Сакам да притискам некои копчиња!
8. Сакам да ја подигнам мачката држејќи ја за глава.
9. Сакам да ги истурам сите четкички за заби во лавабото.
10. Умирам од глад.
11. Зајачиња од сирење.
12. Мразам овошје.
13. Сакам да станам од столот.
14. Сакам да играм со ајпадот.
15. Сакам да одам надвор. Не, сакам да го вклучам греењето.
16. Сакам да ги соблечам панталоните.
17. Не ми се допаѓа маицата што ја носам.
18. Сакам да играм со телефонот на мама.
19. Сега морам да притискам уште копчиња.
20. Жеден сум.
21. Не, не тоа.
22. Совршено, сокче. Сега цел ќе се полеам.
23. Каде е тато?
24. Каде е мачката?
25. Каде е мама?
26. Навистина, каде е мама?
27. О, Боже, мислам дека мама си отиде засекогаш.
28. О, еве ја мама. Сакам да играм со нејзиниот телефон.
29. Пак сум гладен. Нема врска.
30. Сега се сетив дека не ми се допаѓаат овие панталони. Соблечете ми ги.
31. Престанете да ми ги соблекувате панталоните!
32. О, умирам од глад. Сакам грашок, ама не знам како да им кажам.
33. Конечно грашок. Сакам да го фрлам.
34. Зошто и понатаму ги носам овие глупави панталони?
35. Види, нова личност. Се прашувам дали има телефон?
36. Изморен сум.
37. Не сум изморен!
38. Сакам да одам на прошетка, ама не сакам надвор.
39. Не сакам да останам ни внатре!
40. Морам сега да притискам некои копчиња.

41. Ја мразам оваа пелена.
42. Ме чешаат очите.
43. Вау! Ова е мојот ножен прст?
44. Престанете да се обидувате да ми ги соблечете панталоните!
45. Ги мразам овие панталони.
46. Оваа кошула ме чеша.
47. Изморен сум.
48. Престанете да ме прашувате дали сум изморен.
49. Каде е онаа играчка што свири?
50. Сакам да се бањам во облека.
51. Пуштете ја мојата омилена песна.
52. Каде е мачката?
53. Што се случува со мојата кошула?
54. Дали сега чув куче што лае?
55. Пак се обидовте да ми ја соблечете маицата!
56. Сакам да го видам кучето.
57. Не, не надвор! Сакам кучето да го видам внатре.
58. Мочкав.
59. Досадно ми е.
60. Одиме отпочеток.

Автор: Џејсон Гуд

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top