пелени Прашај психолог

Три месеци е без пелени, но никако да го совлада одењето по голема нужда. Како да му помогнеме?

ПРАШАЊЕ: Би сакала да прашам за процесот на одвикнување од пелените. Моето дете има две и пол години и веќе три месеци е без пелени. За мочкање многу брзо разбра, дури и ноќните пелени брзо ги тргнавме. Но, проблем има со какањето, во градинка се случува да заврши во тоалет успешно, но кога е дома, само во гаќички. И ова баш трае. Ве молам за совет како да го решиме.

ОДГОВОР: Сте направиле успешното одвикнување од пелените за мокрење. Тоа што детето кака само во пелена е честа појава и не значи дека процесот не успева. За многу деца, празнењето на цревата претставува поголема промена бидејќи бара чувство на сигурност и контрола, односно премин во наредна развојна психолошка фаза.

Најважно е да не се создава притисок во процесот. По оброците, кога природно се активира празнењето на цревата, охрабрете го да седи 5-10 минути без форсирање. Секоја успешна соработка пофалете ја, без казни и без покажување разочарување доколку не успее. Доколку состојбата трае подолго време или детето почне да го задржува изметот, консултирајте се и со педијатар за да се исклучи евентуален запек, а побарајте и родителско советување со детски психолог.

Одговара: Христина Стефановска, психолог за деца и адолесценти, Здружение „Психит“, е-пошта: hristina_psihologija@yahoo.com

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top