Без разлика дали бебето се храни со адаптирано или мајчино млеко, резервите на железо се добро одржувани до 4-6 месеци по раѓањето. Но, на таа возраст може да почне да опаѓа. Имајте на ум дека железото во крвта на бебето не може наеднаш да исчезне! Бебињата што се здрави, родени во термин и редовно се хранат соодветно, ретко се изложени на ризик од недостиг на железо.

Со воведувањето цврста храна, многу е важно бебето да продолжи да има балансирана исхрана. Иако месото и јајцата имаат најмногу железо, доколку сѐ уште не сте му вовеле ниту една од овие намирници на вашето бебе, пробајте три одлични рецепти за пире без месо, кои вашето бебе ќе ги сака и се одличен извор на железо.

Пире од сладок компир и леќа

Леќата е одличен извор на железо за најмалите, како и на протеини и цинк, а сладок вкус ќе ѝ даде слаткиот компир.

Состојки:

2 лажички маслиново масло
1/2 сечкан кромид
50 г моркови, исечени на коцки
100 г сладок компир, излупен и исечен на коцки
25 г црвена леќа
400 г сечкани домати
200 мл вода

Подготовка:

Загрејте го маслото во тава, додајте го кромидот и пржете неколку минути. Додајте моркови, компири и леќа и пржете 3 минути, а потоа додадете ги доматите и водата. Покријте и динстајте 30 минути додека не се сварат зеленчукот и леќата. Мешајте додека не се изедначи.

Пире од банана, авокадо и боровинки

Бананите и боровинките се плодови кои имаат многу железо. Авокадото е и одлична храна за бебиња бидејќи е богато со хранливи материи.

Состојки:

1/2 банана,
1/2 исечено авокадо
200 г боровинки

Подготовка:

Сите состојки се ставаат во блендер и се мешаат додека не се добие густа кашеста маса.

Пире од компири, брокула и грашок

Компирите, брокулата и грашокот се одлични извори на железо, нивната комбинација е идеална за ручек и вечера.

Состојки:

250 г компири, излупени и исечкани
50 г брокула
50 г замрзнат грашок

Подготовка:

Сечканите компири ставете ги во тенџере со зовриена вода и варете 7 минути. Идеално би било брокулата и грашокот да се сварат на пареа.
Мал совет, не блендирајте ги овие состојки бидејќи компирот ќе има леплива текстура. Најдобро е да користите рачен миксер или едноставно да ги пасирате сварените состојки.

Извор



912

X