Мирното родителство е важно за создавање безбедна и стабилна средина за децата. Сепак, понекогаш е тешко да се остане смирен поради секојдневниот стрес. Родителите често се соочуваат со стресни ситуации кои го тестираат нивното трпение. Детскиот психолог и едукаторка за родители Џејми Блох издвоила уште неколку причини зошто родителите го губат трпението. Во нејзината објава на „Инстаграм“ таа истакнала три грешки што ги спречуваат родителите да останат смирени.

Претерано реагирате на одредени ситуации

-Наместо да реагирате пребрзо и пресилно, бидете свесни за моментот кога сте испровоцирани. Пред да му одговорите на вашето дете, смирете се. Ова може да изгледа како да правите неколку смирувачки длабоки вдишувања, додека повторувате корисна афирмација за родителите – советува Блох.

Ги обвинувате исклучиво децата за вашата лутина

-Лесно е да се обвини однесувањето на децата, но 90 проценти од времето сме лути затоа што сме биле под стрес. Затоа, внимавајте на вашите предизвикувачи. Како родители, ние треба да преземеме одговорност за нашите реакции и да препознаеме дека тоа се нашите сопствени рани – забележува психологот.

Верувате дека детето намерно сака да ве изнервира

-Ова создава наратив „јас наспроти ти“, кој само ќе ја зголеми вашата фрустрација. Наместо тоа, запомнете дека вашето дете се бори и не се обидува намерно да ви ги отежнува работите – заклучила Блох.

Извор



912

X