Размислувате за трето дете или веќе го очекувате, а не знаете што да очекувате? Можеби оваа приказна на мајка на три девојчиња ќе ви ги отвори очите

– Пред да го добијам третото дете бев сигурна дека три деца ќе ни бидат доволно. Всушност, веројатно можев да бидам среќна и само со две. Но, во моментот кога се роди моето трето дете, не можев да замислам дека нема да родам повторно. Сега се шегувам дека третото дете е како дрога. Откако ќе добиеш трето, тешко е да не посакаш уште едно – раскажува за Mom.me, Јасен Бредшо, мајка на три девојчиња.

Ова се четири причини зошто третото дете влијае како „дрога“.

1. Со третото дете сè изгледа полесно отколку со првите две

Со третото дете сè е поедноставно. Ова го слушнав и од многу други родители пред да го добијам третото дете, и тоа за нас се покажа како вистина. Работите се поедноставни, не сте почетник како со првото и не се обидувате да научите како да се справите со повеќе деца, како што беше кога имав две деца. Често првите две деца се доволно големи за сами да си играат и да се забавуваат и доволно се независни, па лесно можете да се грижите за третото дете.

2. Добро знаеш колку брзо поминува фазата на новороденче и се надеваш дека ќе трае што е можно подолго

Со ова (третово) девојче се чувствував како да можам целосно да уживам и да ја ценам секоја нејзина фаза многу повеќе отколку со првите две девојчиња. Не чувствувам притисок и не ми се чини дека брзо расте. Само сакам да ја бакнувам по дебелите обравчиња и силно да ја гушкам.

3. Откако си родител на три деца, знаеш дека сè ќе заврши добро

Имаш доволно искуство и знаеш дека на крајот сè ќе заврши добро. Ќе спие цела вечер, ќе научи само да јаде, само да оди во тоалет…

4. Твојот ум тешко ќе ја прифати идејата дека засекогаш е готово

Помислата да немам уште едно новороденче и да не ја видам таа прва насмевка малку ми го крши срцето. Секојпат кога ќе го погледнам моето малечко трето бебе, полно со насмевки, како и неверојатната љубов на членовите на семејството, не можам да замислам дека повеќе нема да го направам тоа.

Па, чувајте се! Ако размислувате за трето дете, знајте само дека тоа е лизгав терен кон четврто дете.



912

X