Балетските и танцови студија може да ги отворат вратите за своите членови откако добија протокол за работа. Многу деца и возрасни се подготвуваат да вежбаат или да танцуваат, но со посебни мерки за заштита од Ковид-19. Клубовите веќе им праќаат информации на членовите за тоа како наскоро почнуваат танцувањата и вежбите.

Ова се дел од мерките утврдени со Протокол за начин и услови на работа на танцови и балетски клубови.

– Членовите да доаѓаат во однапред определен термин. Секоја група вежба само во термините определени за неа. При влез и излез задолжително е носење маски.
– Задолжително да дојдат подготвени за тренинг од дома. Гардеробите да бидат заклучени.
– Обувките да се стават во ранец или кеса, а за во сала да се носат исклучително балетанки или чорапи.
– Да се обезбеди просторот за секое дете присутно на час од 1,5 квадратен метар.
– Забранет е влез за родители, старатели, придружници.
– При влез тренерите се должни на секое дете да му измерат температура и да ја евидентираат во дневник, нема да се примаат членовите што имаат температура над 37 степени.
– Членарините да плаќаат електронски.

– Просториите и тоалетите да се чистат почесто, 4-5 пати на ден со средства за дезинфекција.
– Да бидат обезбедени канти за отпадоци за маските поставени надвор од салата. На излез од просториите и во тоалетот да се постави средство за дезинфекција на раце.
– Во тоалетите да бидат поставени течен сапун и хартиени бришачи.
– При влез и излез тренерот е задолжен да направи дезинфекција на рацете на сите членови.
– Временски период помеѓу секој час е од 20 до 30 минути за комплетна вентилација и чистење на просторот. Да не се користат клима-уреди.
– Тренерите задолжително да носат маски.
– Групите да бидат ограничени, од 10 до 12 деца на 60-70 квадратни метри.
– Секое дете што ќе чувствува каков било симптом или настинка не смее да посетува часови и секој родител е должен да го информира тренерот.
– Сите реквизити и опрема да се дезинфицираат пред и по часот.
– Се препорачува да се почне со работа и тренинзи на отворен простор, со почитување на сите мерки за заштита.



912

X