Ѕирнете во детските соби опремени според современите трендови за боите и инспирирајте се.

Креирањето на детската соба може да биде забавен проект и може да го реализирате заедно со вашите деца, а добро осмислениот план и инвентивноста можат да ви заштедат време.

За детето, собата е многу повеќе од обично место за спиење. Таа е и простор за играње, скокање, трчање, читање, попладневна дремка, посета на пријатели, но и место каде што се чуваат играчките.

Кога го планирате дизајнот на детската соба, потрудете се да создадете креативен и функционален простор за своето дете.
Како што сè повеќе навлегуваме во 2019 година, се трудиме да ги следиме дизајнерските трендови што не ги заобиколија ни просторите наменети за деца. Постојат нови трендови за најмладите кои едноставно не можеме да ги пропуштиме. Идеите за детските соби во 2019 ќе изгледаат токму вака:

Ментол-боја


Водечката платформа за прогнозирање трендови WGSN открива дека ментол-бојата ќе доминира во светот на модата и ентериерите сè до 2020. Според овие прогнозери на трендови со седиште во Лондон, станува збор за неутрална боја наменета за момчиња и девојчиња со свеж тон во согласност со природата. Ментол-бојата е нијанса на зелено нане и во оваа боја најдобро би се вклопиле многу парчиња мебел.

Самрак-сина

Самрак сина е боја која е направена да смири и да создаде една пријатна атмосфера во собата. Ако не сакате да користите жолти тонови за нагласување на синилото на самракот, држете ги прозорците отворени! Во секој случај, самрак-сината е боја во тренд и е добар избор за момчиња.

Корална


Секоја година, Институтот Пантон за бои нè тера да ја предвидуваме нивната најава за боја на годината. По ултра виолетова 2018, Пантон објави дека боја на годината за 2019 ќе биде 16-1546 коралната. Веќе 20 години изборот на бојата на годината влијае врз развојот на производите и одлуките за купување во разни индустрии, вклучувајќи ја и модната, куќниот мебел и индустрискиот дизајн, како и производ, пакување и графички дизајн. Така што и тоа е еден од најголемите трендови за детски соби во 2019 година.

Вселена и соѕвездија


Секој тренд на дизајн е единствен, па ни надворешниот простор не се разликува во тој поглед – иако може да се пофали со квалитети кои се поблиски на „Ѕвездените патеки“ или „Војна на ѕвездите“ отколку на асиметријата и рамнотежата. Но, пред да претпоставите дека овој тренд е само во црни нијанси на вселената, размислете повторно.

Неутрални бои


Минатите неколку години трендовите на бои се развиваа прилично малку, но една работа што е константна е дека сивата ја контролира секоја неутрална палета на бои во ентериерите. Од друга страна, беж-бојата е речиси запоставена. Моментално, таа е најновата препорака за декор во 2019 година и не е монотона боја.



912

X