Денес моето трпение е при крај и цело време мислев на тоа дека треба да си посветам неколку минути на себе. Но, како што заспиваше брзо на моите гради, не ми беше тешко да се одлучам, и покрај листата со работи што требаше да ги направам.
Наместо тоа, те држев тебе.
Требаше да ја испразнам машината за садови и да го ставам внатре валканиот куп од мијалникот.
Наместо тоа, те држев тебе.
Требаше да ги здиплам алиштата што седат во машината за сушење, и повторно да ја наполнам. Повторно ќе ги перев водените алишта што останаа цела вечер.
Наместо тоа, те држев тебе.
Требаше да се истуширам, требаше да ја исушам косата и малку да се нашминкам.
Наместо тоа, те држев тебе.
Требаше да поминам со правосмукалката поради грицките што тебе случајно ти паднаа во дневната соба и да ги соберам расфрлените играчки во секоја соба.
Наместо тоа, те држев тебе.
Требаше да направам вечера и да ја прегледам поштата што седи на шанкот од понеделникот.
Наместо тоа, те држев тебе.
Требаше да те однесам горе и да те легнам во креветчето бидејќи бев сигурна дека нема да се разбудиш. И можеби ќе ти беше поудобно во креветчето.
Наместо тоа, те држев тебе.
Затоа што твоите мали ножиња веќе стануваат поголеми и го допираат столот, а се чини како да беше вчера кога твоите малечки прстиња лежеа на мојот стомак.
Твоите мали вдишувања и слатки рачиња совршено се обвиткани околу мене, иако наскоро ќе сакаш да се истегнеш во твојот поголем кревет.
Се чини дека моите планови овој пат нема да бидат постигнати поради она што го имам тука, во моите раце.
Ги пронајдов мојот мир и задоволство токму тука, токму сега, поради еден едноставен избор…
Наместо тоа, те држев тебе.
Автор: Реган Лонг