Еден корисник на „Редит“ наишол на дискусија во затворена група на „Фејсбук“ за тоа што да ѝ подари на жената по породувањето. Станува збор за подароци кои се сè позастапени.

„Имаше разни коментари, од оние дека е глупаво да ѝ се даде нешто на жената затоа што родила, до давање време и внимание, но и конкретни примери на подароци“, напишал маж кој ќе стане татко за неколку месеци. „Сега размислувам да ѝ дадам на жена ми нешто како знак на внимание за да ѝ посакам добредојде кога ќе се врати од болница. Чисто од причина и таа да се чувствува посебно, бидејќи по породувањето сите светла се насочени кон бебето“, додал тој, а потоа ги прашал другите дали купиле подарок за нивните сопруги откако се породиле.

„Имаше различни коментари, од тоа дека идејата да ѝ се подарува нешто на жената по породувањето е глупава, до сугерирање што да ѝ купам. Имаше и коментари дека треба да ѝ го дадам своето време, да помогнам, да бидам со неа, за да ѝ олеснам со детето итн. Искрено, според мене, некако се подразбира дека ќе останеш со сопругата кога ќе се врати од болница и сето ова ќе го правиш цело време, а не дека треба тоа да се случи како подарок и знак на внимание. Размислувам секако да ѝ подарам нешто за да ѝ посакам добредојде кога ќе се врати од болница.

Објавата собрала многу коментари за само неколку часа, а дел од одговорите следуваат:

„Кога се вративме дома, ме пречека букет и кроасан со ф’стаци. Никогаш не сум била посреќна кога го јадев тој кроасан по три дена болничка храна, ќе го паметам засекогаш. Поента: само ти знаеш што ќе ја направи твојата жена среќна“.

„Цвеќиња или накит, не можете да погрешите“.

„Мојот сопруг ми купи обетки, мали златни букви од името и средното име на нашата ќерка (однапред знаевме дека е девојче и секако и името) и вечно ќе ги имам како прв подарок што го добив како мајка. Тоа не е нешто што треба да го правите, се разбира, но мислам дека е прекрасен гест – бременоста и породувањето не се воопшто лесни, па само некое мало внимание е доволно за да ѝ покажеш колку го цениш подарокот што таа го носела во својата утроба“.

„Балоните се најголемото фрлање пари. Другите подароци се сосема ок“.

„Платете некому добро да го исчисти станот кога ќе се врати дома од породување за сѐ да биде средено“.

„Бев пречекан од мојот сопруг и синовите со супер исчистена куќа. Кога влегов и видов… О, добро, можам само да седнам и да се опуштам, најдоброто нешто што можете да го посакате кога сте исцрпени“.

„Лично, на жена ми не ѝ купив ништо освен цвеќиња и торта кога дојде. Иако, парче накит не е лоша идеја“.

„Би купил чепчиња за уши“.

„Добив дете пред еден месец, ѝ обрнував внимание последниве 9 месеци, па не гледам зошто треба да ѝ дадеш подарок за породувањето“, стои во коментарите.

Автор: Ема Јуриќ

Извор



912

X